„Имаме батерија која трае милион километри и до 50 години“

Точка

03/07/2024

16:41

4.904

Големина на фонт

а а а

„Geely“ ја претстави новата литиум-железо-фосфатна батерија, за која вели дека ќе овозможи вкупен досег на возење до милион километри и ќе трае до 50 години.

Исто така се полни побрзо, подобро работи во студени окруженија и може да издржи сериозни удари. Новата батерија, позната како „Short blade“, има подобрена густина на енергија и безбедност.

Користи повеќеелементни електродни материјали за значајно да ја намали брзината на внатрешните хемиски реакции, што, како што тврди компанијата, е една од главните причини зошто овој нов тип на батерија може да понуди продолжен век на траењето.

Кинескиот произведувач на автомобили вели дека батеријата може да се наполни 3.500 пати, што одговара на возење од дури милиони километри, а се со минимално влијание на досегот на батеријата.


Електричните половни автомобили ќе вредат повеќе

Не само што продолжениот век ќе ја крене вредноста на половните електрични возила, туку, тврдат од „Geely“, ќе ја намалат емисијата на јаглерод за повеќе од 80.000 тони годишно.

Батеријата има капацитет од 192 Wh/kg и приближно е 40% пократка од конкурентната „Blade“ батерија.

На новата батерија ќе и бидат потребни само 17 минути и 4 секунди да се наполни. Покрај тоа, на температури од минус 30 степени, батеријата задржува 90,54% од својот капацитет.


„Geely“ се посебно горди на тоа колку е безбедна батеријата. Ако ќелијата е пробушена, слојот од алуминумска фолија автоматски ќе се спои во дијафрагмата на батеријата за да создаде изолациски слој, спречувајќи кратки споеви и топлотни удари.

Во текот на тестирањето, батеријата е пробушена со осум челични игли од 5 милиметри истовремено и оставена да стои еден час, без штетни ефекти. „Geely“ исто така ја гаѓал батеријата со куршум од 5,8 мм и таа не се запалила.

Тестирањето тука не сопрело. Новата батерија исто така била потопена во морска вода, фрлена во оган, сместена во многу студено окружение, смачкана со товар од 26 тони …




Спонзорирани линкови

Маркетинг