Истражување потврди: Кинезите ги победија Германците на теренот на кој доминираа

Точка

29/06/2024

15:12

6.707

Големина на фонт

а а а

Кинеските производители на автомобили ја надминаа германската конкуренција во примената на иновации во масовното производство, покажа истражувањето на германскиот институт "CAM".

Кинеските компании сочинуваа 46 отсто од глобалниот капацитет за иновации минатата година, покажа Центарот за управување со автомобили (CAM) во извештајот објавен во четвртокот. Една година претходно нивниот удел бил само 21 процент, покажа извештајот на Центарот. Уделот на германските компании падна од 45 на 23 отсто.


Пет кинески компании во топ 10

За прв пат минатата година конкуренцијата од Кина ги престигна трите водечки германски производители во рангирањето. Дури пет кинески компании влегоа во првите 10 најиновативни производители на автомобили, покажаа податоците.

Германскиот "BMW" ја потврди својата водечка позиција во рангирањето благодарение на бројните иновации во областа на автоматското возење, растојанието помеѓу полнењето на електрични возила и самата технологија за полнење.


Кинеските "Geely" и "SAIC" следат со добри резултати во областа на електромобилноста, системите за помош на возачот и контролите и дисплеите. Индустријата доживува „тектонска промена во рамнотежата на силите во корист на кинеските автомобилски компании“, заклучува основачот на "CAM" и водич на истражувањето Штефан Брацел.

"CAM" составува извештаи од 2005 година. Нејзините експерти го оценуваат, меѓу другото, степенот на иновативност на компаниите, предностите за клиентите и оригиналноста. Тековното истражување опфаќа повеќе од 700 иновации од 30 групи со повеќе од 100 марки на автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг