Овие четири видови на храна не треба да ги јадете претпладне: Повеќето луѓе јадат овесна каша, еве дали е пожелна

Точка

29/06/2024

13:00

2.570

Големина на фонт

а а а

Високо преработената храна обично содржи вештачки адитиви, конзерванси и засладувачи. Редовното консумирање на храна која ги содржи овие состојки, особено пред пладне, може да биде штетно бидејќи го зголемува нивото на шеќер во крвта, што доведува до нагло опаѓање на енергијата и зголемена желба за консумирање нездрава храна подоцна во текот на денот.

Диететичарите Кимберли Виман и Варша Катри издвоија четири многу популарни, високо преработени видови на храна што треба да ги избегнувате претпладне.

Житарици со висока содржина на шеќер

Житариците со шеќер поминуваат низ неколку фази на обработка, вклучувајќи рафинирање на житото, додавање големи количини шеќер и додавање вештачки ароми и конзерванси. На овие видови житарки често им недостасуваат влакна и есенцијални хранливи материи поради нивната интензивна обработка.

Диететичарите ги наведоа трите најлоши десерти кои доведуваат до скокови на шеќерот во крвта


Доколку се консумираат пред пладне, житариците со висок шеќер предизвикуваат зголемување на нивото на шеќер во крвта. Тој скок предизвикува последователен одговор на инсулин кој го намалува шеќерот во крвта, што често резултира со ненадеен пад на шеќерот во крвта, известува She Finds.

„Многу од житариците што ги јадеме за појадок се полни со шеќер и имаат мала или никаква корисна хранлива вредност“. Јадењето житарки со многу шеќери рано наутро предизвикува скок на шеќерот во крвта. „Кога нивото на шеќер се намалува или се зголемува премногу, тоа влијае на нивото на хормоните, што влијае на желбата за храна“, истакнува Виман.

Крофни

Крофните се прават со мешање на рафинирано брашно, шеќер и маснотии во тесто кое потоа се пржи и често се прелива со шеќерни глазури или филови. Ова е храна богата со едноставни јаглени хидрати и нездрави масти. Кога јадете крофна, високата содржина на шеќер и рафинирани јаглени хидрати брзо влегуваат во крвотокот, предизвикувајќи зголемување на нивото на шеќер во крвта. Брзиот пад на нивото на шеќер му сигнализира на мозокот дека ви треба повеќе енергија, што предизвикува желба за повеќе висококалорична и масна храна.


Виман објаснува дека „оваа храна стана многу честа појава во утринските рутини на луѓето. Меѓутоа, бидејќи тие се богати со шеќер и заситени масти, можат да доведат до високи нивоа на шеќер во крвта и да придонесат за развој на отпорност на инсулин“.

Ѓеврек

Многу луѓе сакаат да јадат ѓеврек затоа што можат да се консумираат во разни солени и слатки комбинации. Кога се подготвуваат, на почетокот на процесот се прават од мешавина на вода, квасец, шеќер и адитиви како сол или маснотии. По обликувањето, тие накратко се готват во зовриена вода пред да се испечат за да им се даде текстура, пренесува She Finds.

„Иако ѓевреките може да се сметаат за главен производ за појадок што обично се консумира пред пладне, тие се исто така одговорни за голем скок на нивото на шеќер во крвта. Тие главно се направени од рафинирани зрна кои имаат минимална содржина на влакна. Тоа значи дека тие можат да предизвикаат голем скок на нивото на шеќер во крвта“, тврди диететичарот.


Доколку веќе сакате да јадете вакво пециво, внимавајте каков вид и во кои комбинации го јадете. „Изборот на ѓеврек од целата пченица, јадењето само половина ѓеврек или додавањето здрав извор на протеини или масти во вашиот ѓеврек се сите начини да се намали скокот на шеќерот во крвта“, додава Виман.

Брзи замрзнати оброци

Замрзнатата храна за појадок, како што се замрзнатите вафли, палачинки, колбаси и слично, содржат додадени шеќери, нездрави масти и високо ниво на натриум. На рафинираните јаглехидрати, како оние што се наоѓаат во оваа замрзната храна, често им недостасуваат влакна кои помагаат да се забави апсорпцијата на шеќерот во крвотокот. Без влакна, јаглехидратите брзо се варат, што доведува до брзи скокови на шеќерот во крвта.


Диететичарот Катри објаснува дека „замрзнатите оброци се погодни, но често полни со адитиви, нездрави масла и премногу сол.

Друг проблем со замрзнатите оброци е тоа што тие не се погодни за оние кои се на диета. „На замрзнатите оброци им недостасуваат свежи состојки кои ги прават погодни за оние кои се на диета кои сакаат да ја задржат својата тежина во текот на денот“, заклучува Катри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг