Вратете ја виталноста на вашата коса по одморите со помош на шест ефикасни трикови

Точка

01/07/2024

20:15

2.100

Големина на фонт

а а а

По период на изложеност на сонце, солена морска и хлорирана вода од базенот, како и зголемена влажност која не влијае позитивно на вашата коса, време е да се посветите на нејзина ревитализација.

Првиот чекор е да го смирите скалпот којшто веројатно е иритиран од сонцето. Се препорачува да направите  лесен пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе му помогне на вашиот скалп повторно да дише. Изберете производи кои покрај ефектот на пилинг, содржат и хранливи состојки и ја одржуваат природната влажност на кожата.

Скратете ги сувите краеви

Колку и да ја заштитувате косата со различни производи додека сте на море, неизбежно е сонцето, сувиот воздух, топлината и солената вода да ги исушат врвовите. Затоа, веднаш по враќањето од одмор, не заборавајте да ги „освежите“ врвовите во салон и да и ја вратите виталноста на косата.

Исто така, многу препарати за нега се наменети специјално за нега на краевите после сончање.


Освежете ја бојата на косата

Пред да заминат на одмор, многу дами мора да посетат и фризер за да ги скратат врвовите и да ја обноват бојата. Сепак, сонцето и солта си го земаат данокот, па често е потребно повторно да го посетите салонот веднаш по враќањето од одмор.

Пред да заминете на фарбање, нахранете ја косата со регенератори кои ќе ја обноват. За нега на бојадисана коса дома, користете шампон, регенератор и маска кои ја прават косата мека и сјајна и обезбедуваат долготрајна боја.

Направете длабок третман

Ако не сте сакале да и додавате дополнителен стрес на косата за време на одморот, туку да се опуштите и да уживате што повеќе, на вашата коса веројатно ќе и треба третман за длабока хидратација збогатен со витамини по враќањето дома.


Користете препарати за полесно расчешлување

Дехидрираната коса тешко се чешла. Затоа набавете производ кој го олеснува чешлањето и користете чешел со широки запци кој ја штити косата од кршење.


Исплакнете ја косата со ладна вода

По шампонирањето, се препорачува да ја исплакнете косата со ладна вода за да ги затворите кутикулите, што ќе помогне косата да изгледа сјајно и здраво.

Пијте витамини

Негата на косата е целосна само ако доаѓа одвнатре. Внесете витамини во вашата рутина кои ќе ви помогнат да го одржите вашиот скалп здрав. Побарајте додатоци кои содржат витамини Ц, Е, Д и Б, како и колаген, кои помагаат да расте косата, кои ја прават поцврста, спречуваат опаѓање и даваат сјај. Покрај суплементацијата, не заборавајте да јадете разновидна исхрана збогатена со овошје и зеленчук и да пиете доволни количини на вода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг