[ВИДЕО] Уживала на летувањето, а потоа следел пекол: Девојка добила труење од сонце, симптомите се алармантни – еве како се манифестираат

Точка

28/06/2024

20:27

8.723

Големина на фонт

а а а

Сезоната на годишни одмори е веќе во полн ек, па затоа е многу важно уште еднаш да се апелира да се заштитите од силните сончеви зраци. На секој барем еднаш во животот му се случило да изгори во текот на летото, а изгорениците не се воопшто безопасни.

Постои и термин наречен труење од сонце кој има уште поголеми последици од класичното црвенило и чешање. Една девојка на социјалните мрежи покажа како тоа се манифестира и изгледа навистина страшно.

Во видеото што го објавила на ТикТок, девојката открила дека нејзиниот одмор на Канарските острови завршил пеколно. Таа објавила компилација од фотографии и кратки видеа кои документираат низ што сè поминала. Сè започнало со отекување на челото.


„Следното утро се разбудив со отечено око“, им рекла таа на своите следбеници покрај снимката од лицето на кое се гледа дека едното око ѝ е затворено, по што открила дека отокот на нејзиното десно око бил толку лош што „не можела да го отвори“ и објаснила дека ситуацијата „продолжила да се влошува“.

„Отидов да спијам и се разбудив со двете очи отечени. И двете очи ми беа затворени и не можев да гледам“, истакнала таа и ги предупредила своите следбеници за ризиците од труење од сонце.


Следниот ден лицето почнало да ѝ се лупи и потоа конечно побарала медицинска помош. Таа открила дека ѝ било потребно околу една недела за да се повлечат отокот и црвенилото, но останала загрижена дека никогаш повеќе нема да може да гледа.

Што е труење од сонце и кои се симптомите?

Оваа појава претставува тежок случај на изгореници од сонце. Труењето предизвикува пликови на кожата и може да стане многу болно и непријатно. Иако ова се вообичаени знаци за какви било интензивни изгореници од сонце, труењето може да стане толку сериозно што предизвикува системски симптоми како треска, повраќање, тежок физички и ментален стрес.

Овие неколку симптоми укажуваат на тоа дека имате повеќе од обични изгореници:

- пликови на кожата или кожа која се лупи
- интензивно црвенило и болка
- треска
- дехидрација
- болка во зглобовите или мускулите
- мачнини и повраќање
- главоболка
- вртоглавица/несвестица



Спонзорирани линкови

Маркетинг