[ФОТО] Aтракција на Тасос: Медитеранскиот базен на боговите во кој се капела Афродита

Точка

26/06/2024

21:00

3.324

Големина на фонт

а а а

Грчкиот остров Тасос крие еден од најубавите природни базени кој е поврзан со морето.

Освен што ја нарекуваат природен базен, плажата Гиола ја нарекуваат и природна морска лагуна во карпите, а оние кои ја посетиле при поголеми бранови велат дека тоа е природното „џакузи“ на Тасос.


Нема зборови да се опише убавината на сложувалката од бранови, камења и природниот базен во облик на солза наречен Гиола, познат и како „Солзата на Афродита“.

Според митологијата, природниот базен го создал Зевс за да може во него да се капе Афродита, божицата на љубовта и убавината, а според древните приказни Тасос бил и островот на сирените, кои оттаму ги мамеле морнарите со нивните прекрасни гласови.


Базенот, кој е една од главните атракции на Тасос, е долг околу 20 метри и е поврзан со морето со тесен премин.


Околу базенот нема песок или сенка, поради што најдобро време за капење е наутро или доцна попладне.

Ако сакате да ја избегнете гужвата, најдобро е да дојдете околу осум часот наутро, а веќе еден час подоцна базенот е преполн. Многу луѓе скокаат во базенот од околните карпи високи до осум метри.


А доколку огладнете, во близина на базенот ќе најдете мала таверна со поволни цени, каде што можете да изберете некој од традиционалните медитерански специјалитети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг