Зошто на Амазон нема ниту еден мост? Тече низ 3 држави, долга е 6500 километри, но никој не се осудува да изгради премин

Точка

26/06/2024

22:48

9.039

Големина на фонт

а а а

Реката Амазон е втората најдолга река во светот и претставува еден од најважните водни патишта на планетата. Оваа река содржи најголем обем на слатка вода во светот и е дом на стотици различни видови риби. Сепак, и покрај овие и многу други факти, постои една важна работа што нема да ја најдете на Амазон - мостови.

Ако се земе предвид дека Амазон тече низ 3 земји (Перу, Колумбија и Бразил) и дека во сливот на реката живеат повеќе од 30 милиони луѓе, се чини малку неверојатно дека ниту еден мост не поминува преку оваа река. За споредба, само во Каиро постојат 9 мостови кои минуваат преку реката Нил, додека над 100 мостови се изградени над реката Јангце во последните 30 години. Дунав, чија должина не претставува ни половина од должината на Амазон, има 133 премини.

Па зошто е тоа така? Дали постојат фундаментални тешкотии во изградбата на такви објекти во прашуми? Постојат ли финансиски бариери? Или едноставно не вреди за трудот?


Долга окол 6500 километри (само реката Нил е подолга од неа), оваа јужноамериканска река има величествен слив кој вклучува површина од над 7 милиони квадратни метри. Реката Амазон е толку богата што содржи вода колку трите големи светски реки заедно: Мисисипи, Јангце и Нил. Амазон има дури 3200 пловни километри, што ја прави оваа река најдолгата пловна река во светот.

Зошто нема мостови?

По нејзината должина нема ниту еден мост, па на другата страна на реката можете да стигнете со чамци. Експертот за мостови на Швајцарскиот федерален институт за технологија, Валтер Кофман, тврди дека не постои потреба од мост. Тој го објаснува ова со фактот дека реката во нејзиниот поголем дел тече низ области кои се ретко населени. Со други зборови, постојат неколку главни патишта на кои можат да се надоврзат мостови. Исто така, во градовите и местата кои се граничат со реката, чамците и траектите претставуваат вообичаено превозно средство.


Секако, постојат и технички и логистички тешкотии. Според Кофман, Амазон е далеку од идеална локација за изградба на мост поради природните карактеристики на самата река и почвата. Огромните мочуришта и меките почви би барале долги, обемни вијадукти, со многу длабоки темели, што секако не би било исплатлива инвестиција, со оглед на тоа колку луѓе живеат во опкружувањето. Исто така, мора да се земат предвид променливите нивоа на реката.

Вреди да се спомене дека иако нема мостови кои минуваат над Амазон, има еден над реката Рио Негро, нејзината главна притока. Наречен Понте Рио Негро, мостот е завршен во 2011 година и ги поврзува Манаус и Ирандуба, и до денес е единствениот голем мост што поминува над која било притока на Амазон.

Во 2019 година, Жаир Болсонаро, тогашниот претседател на Бразил, рече дека сака да изгради мост преку Амазон како дел од неговиот проект „Рио Бранко“, но сè уште нема напредок по ова прашање.


Научниците исто така сметаат дека изградбата на мостови и придружната инфраструктура би ја уништиле животната средина на реката Амазон. Ширината на оваа река варира помеѓу 4 и 5 километри, додека во нејзината најтесна точка реката е широка само 1,8 километри. Во јануари, кога започнува сезоната на дождови, реката за неколку недели достигнува ширина од 10 до 20 километри. Дури и да одвојат огромни суми пари, природата го оневозможува спроведувањето на таков план.

Нивото на водата во реката Амазон е помеѓу 5 и 10 метри и варира помеѓу дождливите и сушните периоди, а површината на брегот која во време на плима е поплавена е огромна. Таквата состојба може да трае со месеци, па мостот би морал да покрива огромно растојание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг