Која е виралната „Hawk Tuah“ девојка која го урна интернетот? Дали сте слушнале на снимката како го поздравува своето момче?

Точка

27/06/2024

13:40

5.374

Големина на фонт

а а а

Девојката стана вирална сензација благодарение на својот одговор на прашањето на инфлуенсерот од каналот „timanddeetv“.

Луѓето некогаш се наоѓаат во центарот на вниманието без тоа да го сакаат. Изгледа дека таков е случајот со од неодамна омилената вирална сензација, позната само како „Hawk tuah girl“.

Девојката стана вирална сензација благодарение на својот одговор на прашањето на инфлуенсерот од каналот „timanddeetv“, кој им поставува прашања на луѓето на улица. Девојката и нејзината пријателка биле излезени во ноќен клуб во Нешвил, Тенеси, а девојката била толку харизматична, шармантна и атрактивна (според коментаторите), што сите сакаат да знаат која е.

Па, која е „hawk tuah“ девојката?

Прво да објасниме што е „hawk tuah“. Тоа е ономатопеја за звукот на плукање.

Првото видео од виралната девојка е споделено на 11-ти јуни 2024-та година, во кое ја прашуваат: „Кој потег во креветот прави мажите секогаш да полудат?“ Таа брзо одговорила: „Морате да им го дадете тоа „hawk tuah“ и да плукнете на таа работа“, со шармантен јужњачки акцент. После тоа го поздравила своето момче, давајќи му до знаење дека тоа го кажала на шега.

Знаеме дека се вика Хејли, но веднаш ги изгасила своите профили на социјалните мрежи, па нејзиниот идентитет останува непознат, што за неа веројатно е и најдобро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг