[ФОТО] Детаљ во позадина на босанска емисија ги насмеа корисниците на „Х“: „Во духот на традициите на балканските народи“

Точка

25/06/2024

22:43

9.804

Големина на фонт

а а а

Кадар од емисија на „BHT“ се споделува на социјалните мрежи, а истиот насмеа многумина.

Имено, на „Х“ е споделена фотографија од кадар од една од емисиите на оваа телевизија, а она што ги заинтригира корисниците бил предметот во позадина.

Како што можете да видите - растението кое се наоѓа во позадина е сместено во саксија под која наместо подлога има кутија за сладолед. Со оглед на тоа дека ова е честа глетка во куќите на нашите мајки/баби, насмеа многумина што се нашло во кадар на емисија на јавен сервис.

„Не сум видел ништо побосанско“, гласи еден од коментарите под објавата, во која пишуваат дека ваквата глетка е „во духот на традициите на балканските народи“.

Пластичните садови од сладолед или павлака/кисело млеко често наоѓаат „нов живот“ во балканските домови откако ќе се изеде производот и се пренаменуваат за складирање на различни производи, што често е тема на шеги на Интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг