[ВИДЕО] Шишињата со неотстранливи капачиња цело време погрешно сме ги отворале – еве како е правилно

Точка

28/06/2024

17:03

5.135

Големина на фонт

а а а

Пластичните шишиња веќе некое време доаѓаат со капачиња кои не се отстрануваат, и тоа поради новите правила на Европската унија, што многумина го нарекуваат „најлошиот изум на 21-от век“, а од јули годинава ќе бидат задолжителни насекаде во ЕУ.

Луѓето се жалат дека капачињата кои се прицврстени на шишињата им пречат кога се обидуваат да пијат од шишето и им отежнуваат да ги точат пијалаците во чаша, но дали е можно сето ова време погрешно да сме ги отворале ваквите шишиња? Се чини дека одговорот е „да“.

Капачето се врти на другата страна

Имено, видеото од еден Тиктокер стана вирално откако покажа како всушност се отвораат шишиња со неотстранливи капачиња, а луѓето останаа изненадени. Тој на видеото, по отворањето на шишето само го префрла капачето на другата страна и на тој начин повеќе не му пречи додека пие од истото.


„Само сакам да се вратат нормалните капачиња“, „Сакам нормално шише со неприцврстени капачиња, ова ме полудува“, пишуваат во коментари луѓето кои сè уште не се воодушевени од овие шишиња и сите сакаат да се вратиме на старото, но тоа се чини нема да се случи.

Зошто капачињата се прицврстени за шишињата?

До јули оваа година, сите земји од Европската унија мора да ги укинат отстранливите капачиња на пластичните шишиња до 3 литри и да ги заменат со неотстранливи, што е дел од директивата на ЕУ објавена во 2018 година, која има за цел да го намали количеството пластичен отпад.


Имено, капачињата од пластичните шишиња досега се одвојуваа и често завршуваа на несоодветни места во околината, без да се рециклираат, а истражувањата проценуваат дека производството и согорувањето на пластика испуштиле повеќе од 850 милиони тони стакленички гасови во атмосферата во 2019 година.

ЕУ сега сака барем малку да го ублажи ова со воведување на неотстранливи капачиња на пластичните шишиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг