Велат дека ова е најстариот цвет на планетата: Постои легенда дека ако го засадите во дворот ќе се „капете“ во богатство

Точка

22/06/2024

19:05

16.200

Големина на фонт

а а а

Откако биле пронајдени фосилни остатоци постари од 95 милиони години, цветот на магнолија се смета за најстар цвет на Земјата.

Магнолиите цветале уште во ерата на диносаурусите, што значи дека цветот постоел пред појавата на пчелите. Латиците на цветот на магнолија се прилично крути и покриени со заштитен восок. Мирисот на цветот привлекува опрашувачи, а восокот од зимзелената магнолија се користи во козметичката индустрија.


Во природата постојат околу 75 видови листопадни и зимзелени магнолии. Со оглед на тоа што тие бујно и раскошно цветаат напролет, магнолијата е еден од омилените видови градинарски садници. Најчесто формираат хабитус во форма на грмушки или пониски дрвја.

Листовите од магнолија се големи зимзелени, полузимзелени или листопадни. Цветовите се со различни форми и бои, а плодовите се слични на шишарките.


Магнолиите сакаат да бидат на сончево место со богата, неутрална почва. Тие треба да имаат доволно влага и добра дренажа на располагање.

Она што можеби не го знаете за ова растение е дека цветовите на повеќето видови магнолии се јадат. Во некои делови на Англија, латиците од магнолија се киселат, а потоа се користат како зачини за разни јадења.


Од цветовите на магнолија се добива етерично масло, кое се користи за правење парфем.

Во Кина, овој вид садници се смета за симбол на сила и верност. Белата магнолија ја симболизира женственоста, чистотата и убавината. Ако е засадена пред куќата, магнолијата ќе привлече позитивна енергија на спокој и задоволство, а ако е засадена зад куќата, тоа укажува на зголемување на богатството.


Во Кина, цветот на магнолија е симбол на сила и верност, додека во нашиот регион овој цвет симболизира враќање на старата љубов.

Доколку сакате стабилност и мир во вашиот дом, задолжително одгледувајте дрво магнолија во вашиот двор!



Спонзорирани линкови

Маркетинг