Бездомник вратил паричник со 2.000 евра па следел пресврт: „Не ни сонував нешто такво“

Точка

27/06/2024

16:40

16.466

Големина на фонт

а а а

33-годишниот Хаџер Ал-Али, бездомник од Амстердам, не ни очекувал каков пресврт ќе се случи откако неодамна пронашол паричник во кој имало 2.000 евра и го однел во полициска станица.

Паричникот го пронашол на главна улица во градот додека барал празни лименки, пренесува „Yahoo“.

„Помислив, можеби станува збор за некој на кој тие пари му се навистина потребни“, рекол Хаџер. Меѓутоа, во паричникот немало никакви лични документи, па полицијата не можела да го пронајде сопственикот. Без оглед на тоа, сакале да го наградат чесниот Ал-Али.


„Секогаш верувам дека од добро дело произлегува некое друго добро“

Полицијата му подарила бон од 50 евра и признание во облик на сребрена статуетка (награда која полицијата им ја доделува на заслужните граѓани на Амстердам), а потоа била отворена и „crowdfunding“ кампања која за Хаџер во еден ден собрала повеќе од 34.000 евра. Тој потоа одлучил сам да ја сопре уплатата. „Многу сум благодарен на сите, но не сакам да бидам алчен. Сакам своите пари да ги заработам“, рекол тој.

Но, тука не завршила приказната. Еден сопственик на компанија за асфалтирање на Хаџер му понудил работа. „Животот после ова дефинитивно ќе ми се подобри, сега можам повторно да вложувам во иднината. Секогаш верувам дека од добро дело произлегува некое друго добро дело, но за вакво нешто не сум ни сонувал“, заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг