Погледнете како денес изгледа синот на Јосип Броз Тито: Ретко се појавува во јавност, а сега „исплива“ фотографија

Точка

25/06/2024

12:09

13.220

Големина на фонт

а а а

Александар Мишо Броз, син на Јосип Броз Тито, во последната деценија по завршувањето на успешната дипломатска кариера ретко се појавуваше во јавност.

Неговата ќерка Саша Броз, внуката на Тито, неодамна објави фотографија на која ѝ се придружиле 82-годишниот татко Мишо и 81-годишната мајка Мира.

Во прегратките на нејзините родители, внуката на Јосип Броз Тито напишала „Тие се сè“ и на тој начин им порачала на своите следбеници дека никој и ништо не може да ги замени родителите. Пред извесно време, 54-годишната театарска режисерка за хрватскиот магазин „Gloria“ изјави дека нејзините родители имале најголемо влијание врз тоа како таа се обликувала како личност.


„Човек мора да биде во состојба самиот себеси да се насочува во текот на годините, но семејството е секогаш тука да ти го чува грбот“, изјавила внуката на Тито, Саша.

Александар Мишо Броз е роден во бракот на Тито со втората сопруга, мариборчанката Херта Хас. Како и неговиот татко, и самиот се впуштил во политиката, но и во економијата. Во 80-тите и 90-тите години беше на највисоките позиции во енергетската компанија ИНА.

По осамостојувањето на Хрватска, по препорака на тогашниот претседател Фрањо Туѓман, Мишо станал прв советник на хрватскиот министер за надворешни работи. Потоа работел како ополномоштен министер во хрватските амбасади во Русија и Египет и како хрватски амбасадор во Индонезија, пишува „N1 Slovenia“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг