[ВИДЕО] Болните моменти на Селин Дион го растажија светот: Пејачката покажала како трпи 10-минутен напад со ужасни болки и грчеви

Точка

26/06/2024

13:04

4.765

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Селин Дион боледува од невролошко нарушување - синдром на вкочанета личност.

Дијагнозата ѝ била воспоставена во 2022 година и поради тоа ја одложила турнејата и сите деловни обврски.

Пејачката го сними и документарниот филм „I Am: Celine Dion“, кој следи една година од нејзиниот живот и борбата со невролошко нарушување.

На едно видео објавено на платформата „Amazon Prime“ се гледа како телото на пејачката се грчи за време на разговорот со лекарите.

Нозете ѝ биле вкочанети цело време, додека лекарите ја ставале во лежечка положба, а 10 минути откако ѝ била пружена помош, таа станала и се покрила со ќебе и рекла дека ѝ е „непријатно што ова се случило пред камерите “, пренесува „Daily Mail“.


„Секогаш кога ќе се случи нешто вакво, се чувствувам толку засрамено и така, не знам како да го објаснам... како да немам контрола над себе“, вели Селин.

Таа изјави и дека не се откажува од кариерата.

„Сè уште можам да се видам себеси како танцувам и пеам. Секогаш наоѓам план Б и план Ц, знаете. Ако не можам да трчам - ќе одам, ако не можам да одам - ​​ќе ползам, но нема да застанам“, истакнала пејачката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг