Повеќе лица би можеле да бидат обвинети за смртта на Метју Пери: Истрагата е при крај

Точка

26/06/2024

10:17

3.405

Големина на фонт

а а а

Осум месеци откако Метју Пери почина од „акутни ефекти на кетамин“, американските медиуми пишуваат дека „повеќе лица би можеле да бидат обвинети“ за неговата прерана смрт.

Истрагата за смртта на Пери е „при крај“, изјави извор за магазинот „People“. Тој, исто така, открил дека канцеларијата на американското обвинителство ќе одлучи дали ќе поднесе обвинение.

Актерот од „Friends“ почина на 28-ми октомври откако се удави во хидромасажна када во неговиот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години. Претставници на Полициската управа на Лос Анџелес потврдија за „Fox News Digital“ дека одделот сè уште активно работи на истрагата.

„Одделот води отворена и тековна истрага за смртта на Метју Пери“, соопштија властите.

Неодамна беше објавена веста дека полицијата го запленила мобилниот телефон и лаптопот на славна личност која била поврзана со смртта на Метју Пери.

Според нивните информации, станува збор за женско лице кое воедно било приведено на разговори, откако полицијата на Лос Анџелес заедно со Администрацијата за сузбивање наркотици (DEA) покренала истрага за причините за смртта на Пери.


Минатиот месец, од полицијата во Лос Анџелес потврдија дека полициската управа соработува со DEA и американската поштенска инспекциска служба за да утврдат зошто Пери имал толку многу кетамин во неговиот систем кога починал во октомври, објави „Associated Press“.

Според обдукцијата на Пери, во содржината на желудникот биле откриени количини кетамин во трагови. Точниот начин на неговиот внес во случајот на Пери е непознат, се вели во извештајот.

Други состојби кои придонеле за неговата смрт вклучуваат „болест на коронарните артерии, ефекти на бупренорфин“, се вели во извештајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг