[ВИДЕО] Близнаци разделени на раѓање воделе речиси идентични животи: Се сретнале по 39 години, а кога ги споменале сопругите...

Точка

25/06/2024

11:17

4.167

Големина на фонт

а а а

Луѓето биле шокирани од приказната за двајцата близнаци кои биле разделени при раѓањето, но живееле речиси идентичен живот, и покрај тоа што никогаш не се виделе или слушнале еден со друг.

Повторно заедно по 39 години

Познати како близнаците Џим, Џим Луис и Џим Спрингер биле дадени на посвојување како бебиња и пораснале во посебни домови оддалечени 65 километри во Охајо, САД. Дури кога наполниле 39 години конечно повторно се обединиле - само за да откријат дека практично живееле ист живот, пишува „Mirror“.

Близнаците Џим се родени во 1940 година, а необичните сличности започнале кога нивните посвоители го избрале истото име за двете бебиња. Но, сличностите не застанале тука.

Сè е исто, само двојно

Двајцата близнаци пораснале со полубрат по име Лери и куче по име Тои. Како што старееле, и двајцата се обучувале за спроведување на законот.

Можеби најчудно од сè е што и двајцата биле двапати во брак, а двете сопруги го носеле истото име. Првите сопруги се викале Линда, додека во вториот брак и двајцата избрале сопруга со исто име - Бети. Близнаците имале и синови по име Џејмс Алан и - Џејмс Алан.

Близнаците делат многу особини на личноста, а на училиште и двајцата претпочитале столарија и математика, додека правописот не им била силна страна. Двајцата биле пушачи, страдале од мигрена и возеле Шевролет.

Една единствена разлика

Но, постоела една разлика меѓу нив двајца - додека Џим Луис знаел дека има биолошки брат, на Џим Спрингер му било кажано дека неговиот брат близнак починал како бебе. Браќата не се сретнале додека првиот не добил информација за својот брат од судот во Охајо и отишол да го посети.

Иако Џим Спрингер не знаел дека неговиот брат е жив, тој признал дека растејќи чувствувал „празнина“. Близнаците на крајот биле регрутирани за психолошко истражување од страна на д-р Томас Бушар од Универзитетот во Минесота, кој открил дека нивните медицински истории, тестовите за мозочни бранови и тестовите на личноста се практично идентични.


Луѓето на социјалните мрежи се вчудовидени од приказната што неодамна повторно се појави на Редит.

„Имам прочитано толку многу студии за близнаци кои живеат сличен живот, а биле разделени при раѓањето. Ова се неверојатни сличности“, „Фасциниран сум од ова, навистина неверојатно“, гласат коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг