[ФОТО] Овој рајски остров во Грција нуди најмногу за малку пари: Тука се наоѓа плажа со бел песок, идеална за семејства со деца, а морето е проѕирно, чисто и тиркизно

Точка

17/06/2024

18:23

23.471

Големина на фонт

а а а

Покрај Крф, Крит, Лефкада, Тасос е еден од најпопуларните острови меѓу Балканците во текот на летната сезона. Тоа секако се должи на неговата неверојатна убавина, но и на близината, со оглед на тоа што од Скопје до Тасос се потребни помалку од 4 часа.

Освен добриот и не толку долгиот пат, Тасос е и финансиски поволен.

Цените се нешто пониски отколку во другите грчки летувалишта, а сместувачкиот капацитет е пристоен и адаптиран за семејства со мали деца.


Тиркизното море е глетка која секако можете да ја очекувате, но и прекрасните плажи како градската во Потос.


Потос градска плажа

Според Nikana.gr, во претходните години оваа плажа не изгледала толку убаво, но поради морските струи се променила и многу разубавела. Водата е тиркизна, плажата како и самото морско дно се песочни и многумина кои се сместени во Потос сега одлучуваат да останат на оваа плажа и тука да пливаат.

Плажата е песочна, со постепена длабочина, погодна за деца, но и за сите љубители на песочните плажи. Нема долго плитко, но ниту нагла длабочина.


Водата генерално е чиста, а се валка единствено во август кога гужвата може да биде многу голема.

Десниот дел од плажата, гледајќи од копното, преполн е со лежалки и чадори и тоа е делот кој најчесто е полн. Лево, кон Сан Антонио, има помалку метеж и помалку лежалки и тука веќе можете да уживате во мирот. Лежалките обично се добиваат бесплатно со пијалак, кафе или сладолед.


На плажата исто така има и тушеви и кабини, а тоалетите можете да ги користите во склоп на баровите, додека на градската плажа во Потос продолжува Сан Антонио до каде можете да стигнете пешачејќи долж плажата која е со уште поситен песок и подолго плитко.