Сезонава, Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија вовеле низа забрани кои вклучуваат одење боси, пиење алкохол на улица, јавна голотија, пикник и уште многу – за сето тоа се предвидени големи казни за прекршоци.
Портофино: Без бикини на плоштад и без алкохол на улица
Гратчето Портофино на италијанската ривиера одлучило да забрани низа однесувања кои до неодамна биле вообичаени меѓу туристите.
Од вторник повеќе на посетителите нема да им биде дозволено да одат боси, да бидат облечени само по бикини или без маица, ниту да седат на плоштад во таква состојба.
Консумирањето алкохол на јавните простори исто така е забрането, освен во рестораните, баровите и посебните зони.
Просењето, лежењето или седењето на тротоарите, ѕидовите и во парковите, како и одржување пикник исто така е забрането.
Уредбата која ја потпишал градоначалникот Матео Вијакава, важи во текот на целата летна сезона и истекува на 30 септември. Оние кои не ги почитуваат правилата може да платат казна од 26 до 510 евра.
Албуфеира: Строг кодекс на однесување и казни
Градот неодамна вовел Кодекс за однесува којшто вклучува строги правила: јавна, голотија, односи на отворено, прекумерна врева, јавно мокрење и пиење алкохол на улиците.
За најтешките прекршоци како што е целосно соблекување или вршење интимен однос во јавноста казните се движат од 500 до 1.770 евра. За динамична голотија, мокрење во јавност или оставање количка од супермаркет на непристојно место казните се движат од 300 до 1.500 евра.
Европа поставува строги правила кон туристите
Во Рим забрането е капење во фонтаните, во Венеција строго е забрането да се прави пикник на мостовите и спомениците, а на Капри на туристите не им е дозволено да носат „бучни“ сандали.
Со поголемиот број туристи и поголемиот притисок од локалните заедници, се чини дека правилата на однесување на одмор се строги.