[ФОТО] Никогаш не би погодиле колку години има: Жешките кадри во бикини се специјалност за оваа манекенка

Точка

15/07/2025

10:25

3.122

Големина на фонт

а а а

Актерката и поранешна манекенка Елизабет Харли (60), повторно заблескала на социјалните мрежи, овојпат откривајќи како успева нејзините фотографии во костими за капење да изгледаат беспрекорно.

На својот Инстаграм профил таа споделила заводлива фотографија во светлокафеаво бикини со утринските зраци од сонцето, со порака:

„Тајната на ласкавите фотографии во бикини? Спречете сончевите зраци да ви паѓаат одгоре“.


Таа додала совет и за сите кои сакаат да постигнат сличен ефект:

„Кога позирате во бикини, изгрејсонцето или зајдисонцето се вашите најдобри пријатели. Оваа фотографија ја направивме во седум часот наутро“.

Коментарите секако не изостанале ни овојпат, а многу од девојките ѝ биле благодарни на „трикот“ којшто им го открила, додека пак поголем дел од нив биле фокусирани на нејзиниот изглед на прагот од седмата деценија.

Едно е сигурно, Елизабет Харли никогаш не изгледала поубаво.


Од глума до модна индустрија

Иако е позната по улоги во многубројни филмови, Харли не е нова ниту во светот на модата.

Во 1995 година станала заштитно лице на козметичкиот бренд „Estee Lauder“, што било почеток на нивната долгогодишна соработка.


На еден настан во 2008 година се присетила на своите почетоци:

„Не бев некоја неискусна девојка, првата манекенска работа ја добив на 29 години“, изјавила таа и додала дека тогашната потпретседателка на компанијата, Евелин Лодер, ѝ била како втора мајка.