[ФОТО] Плажа која ја нарекуваат хрватските Кариби: Едно од најубавите природни места на Јадранот кое има што да понуди за комплетно уживање

Точка

14/07/2025

19:12

994

Големина на фонт

а а а

На северот на сончевиот остров Раб, скриена меѓу боровите и златниот песок, се протега Рајската плажа во местото Лопар, едно од најубавите природни места за летувања на Јадранот.

Со скоро два километри плитко, тиркизно море и мек песок под нозете, не е ниту чудно што многумина ја нарекуваат „хрватските Кариби“.

Рајската плажа е посебна по реткиот спој на природна убавина и туристичка развиеност. Неверојатниот песок ја прави вистинска реткост во Хрватска, а оваа плажа со него се гордее од крајбрежјето до морското дно.


Тоа ја прави совршена за семејствата со деца, непливачите, но и за сите оние кои бараат спокој и чистота. Морето е топло, плитко и пространо, а влезот во вода е постепен што децата може безбедно да играат со часови во него.

Рајската плажа се гордее и со популарното Сино знаменце, меѓународно признание за чистота на морето, зачувана природа и безбедност на капачите.

Во текот на денот за безбедноста се загрижени спасувачи, додека пак таму исто така има многу тушеви и кабини, лежалки, барови и ресторани.

За оние кои сакаат повеќе од сончање и пливање, тука се и спортските терени за одбојка, тенис и мини-голф. Покрај тоа тука се и адреналинските атракции на вода како банана-чамци, џет –ски, педалинки...

Вечерта носи нова енергија, а баровите се претвораат во места со жива музика и танц под ѕвездите, додека пак летните настани како Фестивалот на песок и Фестивалот самба исто така се дополнително уживање таму.


На јужниот крај од плажата постои дел наменет за домашните миленици, а пристапот за лицата со инвалидитет е овозможен со рампи и приспособени патеки.

Рајската плажа е отворена и инклузивна – за сите кои знаат да ја препознаат вистинската летна магија.

Доколку барате место кое ја спојува тропската естетика, сигурност, чистота и разновидна понуда, не мора да патувате далеку.