Maслото од соја може да влијае на инсулинската резистенција, а сѐ почесто се користи во секојдневната исхрана.
Шеќерот и мастите се сметаат за најнездрава храна, но научниците предупредуваат дека постои нешто понездраво од тие две намирници – масло од соја.
Едно од најчесто користените растителни масла е маслото од соја.
Иако овој вид масло не мора да го имате во течна состојба на кујнските полици, тоа е честа состојка на готовите, преработени намирници во лименки и слични пакувања.
Маслото од соја долго време се сметало за здрав избор, но резултатите од студијата објавени во магазинот „PLOS One“ укажуваат на низа причини поради кои популарната состојка за готвење може да има сериозни последици по здравјето кај поединци, полошо од шеќер.
Во рамките на проучувањата на различни водови навики во исхраната, научниците од Калифорнискиот Универзитет спровеле тестови на лабораториски глувци.
Ги хранеле со храна со 40 отсто масти, количина слична на онаа која поголем дел од Американците ја консумираат.
Една група добила заситени масти главно од кокосово масло, а друга била хранета со храна на база на незаситени масти од соино масло на која додале кокосово масло.
Друга група содржела иста количина незаситени масти која просечен Американец ја консумира.
Инсулинска резистенција
Во рамките на дополнителните два плана за работа, научниците на глувците им дале две верзии на храна богати со масти со дополнителна фруктоза, шеќер којшто се наоѓа во овошјето и медот.
Храната содржела ист број калории, што значи дека научниците можеле ја го проценат вистинскиот ефект на различни видови масло и фруктоза на организмот кај глувците.
Очекувале глувците кои јаделе масно со фруктоза најмногу да се здебелат и да развијат најсилна инсулинска резистенција, но резултатите ги изненадиле.
Најмногу се здебелиле глувците од групата која се хранела со масло од соја, девет отсто повеќе од глувците кои јаделе масна храна со фруктоза, а дури 25 отсто повеќе од оние кои јаделе маснотии од кокосовото масло.
Масниот црн дроб и поголема инсулинска резистенција биле забележани кај глувците кои консумирале соино масло.
Пунамјот Деол, водач на студијата, признал дека тој и неговите колеги биле изненадени од резултатите „особено имајќи предвид дека секојдневното предупредување за потенцијалната улога на шеќерот во гојазноста е клучно“.