Ова е најотровниот зеленчук кој сите го јадеме речиси секојдневно – содржи едно нешто кое им штети и на децата и на возрасните и се поврзува со болестите

Точка

15/07/2025

09:15

9.135

Големина на фонт

а а а

Американската организација за заштита на околината „Environmental Working Group“ (ЕNW), објавила најнови податоци кои покажуваат дека дури 75 отсто од примероците на свеж зеленчук и овошје содржат остатоци од пестициди.

На врвот на таа неславна листа со години се наоѓаат јагодите и спанаќот, но и некои други секојдневни намирници.

На листата најзагадени зеленчуци во 2025 година се нашле: спанаќот, кељот, блитвата, пиперките (слатки и лути) и боранијата.

Некои тестирани пиперки биле прскани со дури 15 различни пестициди, а шведските истражувања потврдиле дека пестицидите се собираат во организмот на децата и возрасните.

Добра вест е тоа што телото после две недели може да се исчисти доколку прекинеме со внес на контаминирана храна, порачуваат експертите.


Пестицидите се поврзуваат со тешки болести

Според податоците на американски CDC (Центар за контрола и превенција на болести), одредени видови пестициди имаат врска со абортуси, вродени маани и развој на пречки кај децата.

Поради тоа експертите апелираат да бирате органско овошје и зеленчук или барем да се преземат мерки за отстранување на отровите од намирниците.

Како да се ослободите од пестицидите дома?

Иако не е можно да ги отстраните сите штетни материи, добрата вест е тоа што со едноставни методи може да се отстранат до 75 отсто од пестицидите од свежите намирници.

Морска сол и вода

Помешајте една лажица сол во една шолја вода. Потопете го овошјето и зеленчукот и оставете да отстои околу 30 минути, потоа измијте го.


Оцет и вода

Помешајте оцет и вода во размер 1:4 и потопете го овошјето и зеленчукот, па оставете половина час да отстои.

Сода и лимон

Помешајте една лажица лимонов сок и две лажици сода бикарбона во чаша вода. Мешајте додека не се стопи содата и ставете ја течноста во шише со прскалка. Испрскајте го зеленчукот и овошјето, па оставете ги да отстојат 15 минути и измијте.

Оцет, сода и екстракт од грејпфрут

Помешајте една шолја вода, една шолја бел оцет, две лажици сода бикарбона и неколку капки екстракт од семки од грејпфрут. Испрскајте го овошјето и зеленчукот и измијте го по 15 минути.


Зеленчук со најниско ниво на пестициди

Пченка – свежа и замрзната. Имено, пченката често е прва на листата затоа што е заштитена со „наметка“ која значително ја намалува изложеноста на пестициди.

Лук – има лушпа која ја штити внатрешноста од пестициди.

Грашок – се наоѓа во мешунка и тешко е достапен за инсектите, така што содржи помалку пестициди.

Зелка – исто како и лукот, зелката има густо сложени листови кои ја штитат внатрешноста од пестициди.

Карфиол, морков и печурки – овој зеленчук има дополнителни природни бариери (подземен раст, контролирана околина), што ја намалува потребата за пестициди.