Кардиолог предупредува: Една попладневна навика треба да избегнувате – го уништува вашето срце и ја намалува енергијата

Точка

14/07/2025

11:42

1.737

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа какви здравствени цели имате, утрата често ги започнуваме со најдобра намера.

Јадете појадок богат со растителни влакна и протеини, пиете кафе познато по поволностите за срцето и мозокот, а може и да направите некоја прошетка или некоја физичка активност.

Меѓутоа, кога ќе дојде попладне, лесно е да потклекнете. Обврските се собираат, а имате сѐ помалку енергија. Токму тогаш многумина посегнуваат по енергетски пијалаци.

Сепак, според зборовите на кардиологот д-р Бхавне Сури, тоа е навика која сите треба да ја избегнуваме.

„Пиењето на енергетски напитоци може да ја забрза работата на срцето и да предизвика дополнителни отчукувања и чувство на прескокнување на срцето, како и непријатност во градите“, предупредува д-р Сури.


Енергетски пијалаци: Краткорочна помош, долгорочна штета

Науката ги потврдува нејзините тврдења. Прекумерното внесување кофеин го оптоварува кардиоваскуларниот систем, го зголемува ризикот од аритмија и може да доведе до зголемен крвен притисок.

Истражувањата покажале дека дури и диеталните газирани пијалаци кои можат да се сметаат за „здрава алтернатива“, го зголемуваат ризикот од срцеви болести.

Д-р Сури истакнува уште еден важен аспект, енергетските пијалаци можат да го нарушат квалитетот на сонот. Недостатокот на сон директно се поврзува со поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

„Наместо попладне да посегнете по кофеин, обидете се да го разбудите телото на природен начин“, советува таа.

Здрава алтернатива: Кратка прошетка и паметен избор за ручек

Што да направите наместо да консумирате енергетски пијалаци? Д-р Сури препорачува после ручекот да одвоите 15-на минути за лесна прошетка и престој на сонце.

„Прошетката ја поттикнува циркулацијата, помага во регулирање на крвниот притисок и го подобрува нивото на енергија“, вели таа.


Тоа е единствената навика која долгорочно носи корист на вашето срце и целокупното здравје.

Исто така се препорачува ручекот да биде богат со протеини, а не со прости јаглехидрати. Храната како леб, чипс, газирани пијалаци и слатки брзо го зголемува шеќерот во крвта, но потоа нагло го спушта, што води кон попладневен умор.

Протеините од пилешкото, гравот или леблебиите помагаат во одржување на стабилната енергија и спречување на нагли осцилации.