Секоја од моќните состојки на овој појадок има низа поволни дејства, а сите заедно се одлична енергетска бомба идеална за почеток на денот.
Овој рецепт за појадок е едноставен за подготовка, така што ниту оние кои не се вешти во кујна не можат да кажат дека нема да знаат да го подготват.
Обидете се да го јадете овој појадок секое утро во времетраење од еден месец и само набљудувајте ги промените кои ќе ви се случуваат.
Состојки:
- јогурт;
- 1 лажица јаболков пектин;
- 1 лажица мед;
- 40-50 грама сечкани ореви;
- половина лажица цимет;
- 30 капки прополис;
- 3 лажици овесна каша.
Време за подготовка: 5 минути.
Што е пектин и како се прави?
Пектинот е вид влакна кои ги наоѓаме во растенијата, а јаболкото содржи особено висок удел на пектини. Јаболковиот пектин, растоплива влакнеста материја од јаболкото, поволно влијае на разградувањето на масните материи. Неверојатен впивач на масти е којшто го намалува апсорбирањето на холестеролот од храната и ја поттикнува работата на дебелото црево.
Рецепт за домашен пектин
Потребни ви се 1 килограм органски јаболка и 2 децилитри вода. Измијте ги јаболката и исечете ги на помали парчиња. Ставете ги во тенџере со водата, температурата треба да биде висока затоа што пектинот мора за кратко време да постигне висока температура, инаку ќе се распадне.
Јаболката и водата варете ги околу 30 минути. Исцедете и веднаш смесата од пектинот ставете ја во стерилизирана тегла.
Како да го подготвите овој појадок?
Една вечер претходно помешајте ги јогуртот и јаболковиот пектин и оставете ги во фрижидер за да се поврзат. Може истото да го направите и наутро, но тогаш ќе мора да чекате пектинот да се раствори.
Наутро додадете ги останатите состојки и помешајте ги. Нека отстојат малку и потоа може да го јадете појадокот.
Зошто овој појадок е добар?
- Го јакне имунитетот;
- Превенција при инфекции;
- Делува антивоспалително;
- Ја подобрува циркулацијата;
- Дава убав изглед на кожата и косата;
- Го штити здравјето на забите.