Ова мора да го имате во вашиот автомобил доколку одите во Грција – во спротивно се соочувате со казна до 700 евра

Точка

14/07/2025

18:22

5.216

Големина на фонт

а а а

Доколку планирате со автомобил во Грција, ова се работи кои мора да ги знаете.

Сообраќајните прописи во Грција се многу строги, а казните може да бидат поскапи од целото летување. Радмило Белиќ, во пресрет на ова лето, ни укажа и на некои нови правила за кои туристите би можеле да се „сопнат“, а „Здружението Пресретач“ на својата страница истакна неколку работи што нашите возачи би можеле лесно да ги сфатат, како и казните што се закануваат дури и за изговорот „не знаев“, и можат да достигнат и до 700 евра.


Еве што мора да имате во возилото во 2025 година:

• Рефлектирачки елек – и тоа во кабината, не во гепекот;

• Безбедносен триаголник – се поставува на 50–100 м;

• Противпожарен апарат (S2 – 2 кг) – исправен и со важечки сервис;

• Комплет за прва помош – комплетен и неупотребен;

• Резервна гума или сет за поправка на гума.

Нема оправдување за:


• Истечен рок на комплетот за прва помош – 100 €;

• Непоставен безбедносен триаголник – 100 €;

• Возење по папучи – 50 €;

• Пушење во автомобил со деца – дури 1.500 €!

„Грција нема разбирање за ‘не знаев’ – контролите се секојдневни, а казните драстични. Затоа – пред пат, проверете го секој детаљ и избегнете непријатности“, напоменуваат и додаваат бонус совет:

„Понеси резервни сијалици, сајла за влечење и батериска лампа – не е задолжително, но може да ти го спаси денот.“