Јокиќ го оправдува МВП статусот и надвор од теренот: Елегантните движења на Јокиќ на хит од Здравко Чолиќ

Дерби

12/06/2024

12:17

8.562

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ се уште останува недостапен за српските медиуми кои веќе неколку дена зборуваат за неговата одлука да настапи на Олимписките игри, а причина за тоа е уживањето во летниот одмор.

Како по традиција, Јокиќ се врати во родниот Сомбор за да ужива од напорната сезона во НБА лигата, па откако беше на аукција за коњи и на рафтинг, сега големата НБА ѕвезда се докажа и како голем забавувач.

Најдобриот играч во НБА лигата го потврди статусот на МВП и во кафана, бидејќи на видеото кое стана вирално на социјални мрежи, покажува и завидни танцувачки квалитети на хит од Здравко Чолиќ.

Јокиќ во повеќе наврати има признаено дека ужива во кафанскиот живот и во хитовите од ова поднебје, па очигледно на овој начин се опушта за новиот голем предизвик кој следи.

Никола треба да биде лидер на генерацијата која ќе ја предводи Пешиќ на Олимписките игри, турнир на кој Србија ќе игра против Америка, Јужен Судан и уште еден квалификант во групата фаза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг