Обожавателите по снимката на Мајк Тајсон од тренингот велат: „Се молиме здрав да стаса дома откако ќе го нокаутираат“

Точка

24/10/2024

22:09

2.260

Големина на фонт

а а а

Мајк Тајсон (58) продолжи со подготовките за натпреварот против јутјуберот Џејк Пол (27) кој ќе се одржи на 15 ноември во Тексас. Легендарниот боксер објавува видеоснимки од своите тренинзи, кои ги радуваат неговите бројни фанови кои едвај чекаат повторно да го видат во рингот. После претпоследното видео, следбениците сметаа дека Тајсон ги мами монтирајќи низа кратки кадри кои постојано се менуваат и поради кои не може да се види дека тој е всушност во лоша физичка кондиција.


Два дена подоцна Тајсон објави нова снимка од тренингот, на која се гледа како тој за малку ќе го исфрлеше од рингот својот спаринг-партнер кој побара пауза. „Само што почнав“, напиша Тајсон под видеото објавено на „X“.

Што пишуваат обожавателите под снимката?

Некои од коментарите под видеото на Тајсон се: „Страста во неговиот глас кажува колку тој го посакува тоа“, „Замислете свет во кој 59-годишниот Мајк Тајсон го нокаутира Џејк Пол. Тоа би било прекрасно“, „Потта го облева, а вели дека само што започнал“, „Те молам, ова нека биде вистинска борба“ „Џејк Пол 1997-2024 година“, „Победата на Мајк ќе го потресе светот“, „Загрижен сум за тренерите на Тајсон, тие кутрите треба да ги примаат неговиот удари секој ден, не би се изненадил доколку убил еден или двајца во текот на годините“.

Еден следбеник напиша подолга порака на загриженост: „Многу сум загрижен за Тајсон. Годините се голем фактор во оваа борба. Ќе бидам изненаден ако дојде до втората рунда. Се молам да дојде дома здрав откако ќе го нокаутира. Помислата дека некој Јутјубер ќе го нокаутира Мајк Тајсон засекогаш ќе биде траума. Остани здрав Мајк, се надевам дека парите се вредни за тоа“.


Пол е помлад триесет и една година од Тајсон

Тајсон се смета за еден од најдобрите тешкаши и најуништувачки борци во историјата на боксот. Легендарниот „Iron Mike“ ги доби првите 19 борби со нокаут, од кои 12 во првата рунда. На само дваесет годишна возраст стана најмладиот шампион во тешка категорија во историјата, рекордот кој и денес му припаѓа нему.


На врвот на кариерата беше од 1987 до 1990 година, кога ја поседуваше титулата на светски шампион. Денес, Тајсон е вклучен во шоу-бизнисот, од глумење во филмови до организирање на егзибициски натпревари.


Пол се прослави како јутјубер кој почна да инвестира пари и во боксерската кариера. Одигра 11 натпревари, од кои на 10 од нив победи, а во следниот меч ќе се соочи со Тајсон – 31 година постариот противник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг