[ФОТО] Јамал доби специјални протези за забите, ќе ги носи како амајлија на „Ел Класико“

Точка

25/10/2024

21:01

344

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал предизвика бројни реакции на социјалните мрежи поради својот нов „изглед“ кој го избра за претстојното „Ел Класико“.

Компанијата за накит „TwoJeys“ беше задолжена да го дизајнира ова многу интересно апаратче за забите за „Ел Класико“, која воедно треба да биде еден вид „амајлија“ пред најголемото светско дерби.

Протезата се состои од украси во форма на ѕвезди изработени од логото на „TwoJeys“, а во боите на Барселона.

Како што откри „Мундо Депортиво“, Ламин Јамал вчера бил во посета на стоматолошката клиника „Аутран Дентал“ за да ги смени претходните протези, со новите специјално дизајнирани.


Креативниот тим на каталонскиот бренд „TwoJeys“ сакаше на овој начин да му овозможи на Јамал да биде во центарот на вниманието на дербито против Реал, покрај фактот што на само седумнаесет годишна возраст Јамал се смета за еден од најдобрите фудбалери на светот.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона е закажан за утре од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг