Венгер ги изненади фановите на Арсенал: Не верувам во обвиненијата против Сити

Дерби

25/10/2024

13:53

429

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити се соочува со 115 обвиненија од Премиер лигата за прекршување на финансискиот фер-плеј и допрва се очекува каков ќе биде исходот од овој судски процес, но бидејќи важното англиско тело веќе загуби еден случај со „граѓаните“, Арсен Венгер верува дека шампионот ќе мине без жестока суспензија и во вториот случај.

Поранешниот менаџер на Арсенал главната вина ја бара кај најважното професионално фудбалско тело, односно во Премиер лигата која според него мора да менува коренито кога е во прашање правилото за финансиски фер-плеј.

За разлика од некои други земји каде ова правило беше модицифирано, во Премиер лигата се уште нема јасни упатства за како истото функционира, па затоа во изминатите години се изнагледавме случаи во кои големи клубови трошеа огромни суми на пари, а притоа не заработија ниту една казна.

– Сметам дека правилата за финансиски фер-плеј во Премиер лигата мора да доживеат промена. Видовме како други национални првенства ги менуваа правилата за да дојде до подобра адаптација на ФФП.

– Според мене, не може да има случај во кој клуб како Манчестер Сити е обвинет за 115 прекршоци, јас едноставно не верувам во тоа. Премиер лигата веќе загуби еден случај од Манчестер Сити, а тоа што се зборува за различни 115 прекшоци повеќе ми изгледа на интернационална администрација, а не за случај кој има врска со фудбалот. Цело ФФП правило е многу сложено и мора да биде модифицирано. Мора да биде поедноставно и полесно сфатливо за сите, – вели Венгер за „БеИН Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг