[ФОТО] Халанд вложи 60 илјади евра во своето закрепнување: Сити објави фотографија

Точка

25/10/2024

19:32

951

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити со години е навикнат да игра во четири натпреварувања. Оваа недела во Лигата на шампионите без проблем ја победија Спарта Прага со 5:0 на домашен терен.


Фил Фоден, Матеус Нунес и Џон Стоунс постигнаа по еден гол, додека Ерлинг Халанд двапати ја погоди противничката мрежа. Тоа беше негов втор и трет гол сезонава во Лигата на шампионите, а постигна вкупно 13 голови во 12 појавувања на сите натпреварувања.


Халанд е познат по своите физички способности. Покрај природната сила и другите предиспозиции, за ова тоа е заслужен и фактот што многу се грижи за своето тело преку опоравувањата по натпреварите, исхраната, масажите и други методи. Манчестер Сити пред следниот натпревар објави фотографија од норвешкиот напаѓач како излегува од криокомората со порака: „Ледено ладен!“.

Инаку, Халанд пред две години си купил криокомора, која ја чува во својот стан, а која го чинела околу 60 илјади евра. Температурата во неа може да достигне и до минус 200 степени, а им се препорачува на активните спортисти поради побрзо закрепнување на мускулите и подобар проток на крвта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг