Агбонлахор запрепастен од летното засилување на Јунајтед: Не може да исконтролира една топка

Дерби

25/10/2024

14:55

877

Големина на фонт

а а а

Габи Агбонлахор ја изгради својата кариера како главна ѕвезда на Астон Вила и со настапите во Бирмингем си осигура место во националниот тим, па сега како поранешен англиски репрезентативец најмногу е активен како аналитичар зад микрофонот во познатата радио емисија „Ток Спорт“.

Легендарниот напаѓач на Астон Вила често си дава за право да им суди на големите ѕвезди кои не ги исполнуваат очекувањата во Премиер лигата, а последен на негов тапет се најде Џошуа Зиркзе од редовите на Манчестер Јунајтед.

Холанѓанецот пристигна како големо засилување од Болоња и Јунајтед реши да ги искешира парите кои не сакаше да ги плати Милан, но стартот на Зиркзе во Манчестер не изгледа воопшто добро, па веќе се појавуваат шпекулации дека може да биде испратен на позајмица уште во јануари.

– Сите зборуваа за Џошуа Зиркзе кога пристигна во Јунајтед, се велеше дека е извонреден фудбалер. Тој брзо доби место во тимот, но од тоа што го гледаме, не може да исконтролира една топка. Доби доста време да ги промени работите, но изгледа навистина лошо од самиот старт. Не знам која е идејата на клубот со него, – изјави Агбонлахор.

Јунајтед за Зиркзе издвои 42 милиони евра во летниот преоден рок, а Холанѓанецот засега возврати со само еден постигнат гол, оној во воведното коло против Фулам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг