Серија А не дозволува одложување на натпреварот на Милан

Дерби

25/10/2024

13:28

548

Големина на фонт

а а а

Силното невреме кое го погоди регионот Емилија Ромања го натера градоначалникот да ги откаже сите спортски настани за претстојниот викенд, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Болоња и Милан во италијанската елита.

Оваа изјава на Матео Лапоре вчера одекна силно во јавноста на Апенините, но ова утро пристигна информација дека истата не е одобрена од Серија А.

Најважното фудбалско тело за викенд возбудувањата во италијанската елита е единственото кое може да одложи и презакаже натпревар во Серија А, па во плановите на одговорните луѓе не е поместување на споменатиот натпревар кој требаше да се одигра на „Ренато Дал’Ара“.

Доколку не се овозможат услови за игра на овој стадион, Серија А веќе го има подготвено стадионот во Комо како идеално место за одигрување, бидејќи со евентуално одложување на мечот, се отвора ризик истиот никогаш да не се одигра.

Поради згуснатиот распоред кој го наметнува УЕФА, Серија А не гледа каде би можел во иднина да го вметне овој натпревар, па очекувањата се истиот сепак да се одигра претстојниов викенд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг