Вирална сцена од НБА: Дончиќ го проигра осамениот Томпсон, па воодушеви со реакцијата

Дерби

25/10/2024

11:24

664

Големина на фонт

а а а

Далас не погреши на стартот на новата натпреварувачка сезона во НБА лигата и оствари победа на домашен терен над Сан Антонио, меч на кој Лука Дончиќ веднаш дозна дека добива голем сојузник во својот тим за периодот кој претстои.

Маверикси успеаја да го ангажираат Клеј Томпсон во текот на летото и значително го засилија својот шутерски потенцијал, а во тоа можеа да се уверат фановите, но и самиот Дончиќ уште на почетокот.

Еден од најдобрите шутери на сите времиња испорача шест тројки и постигна 22 поени во победата од 120:109, но посебно вирална стана една сцена од последната четвртина.

Акцијата на домаќините заврши со додавање на Дончиќ до осамениот Томпсон, по што следеше оригинална реакција на Словенецот кој веќе стопроцентно верува во квалитетите на новиот соиграч.

Лука почна да се враќа во одбрана веднаш по додавањето, знаејќи дека Клеј сигурно нема да погреши кога е небранет од никого.

Свој учинок во победата секако имаше и Словенецот, кој натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скокови и 8 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг