Шоу на Мурињо против Јунајтед: Полуде покрај клупата, го повика судијата, па аплицираше за нова работа

Точка

25/10/2024

11:21

1.125

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Фенербахче и Манчестер Јунајтед ремизираа (1:1) во третото коло од Лигата на Европа, но централна фигура за време и по дуелот беше Жозе Мурињо.

Тренерот на турскиот тим, кој ги предводеше и „црвените ѓаволи“, имаше шоу во, може да се каже, свој стил.

Португалецот имаше интересни реакции за време на мечот во близина на теренот, а се заврши со расправија со главниот судија Клемон Турпан, кој го исклучи.

„Турпан ми кажа нешто неверојатно. Дека можел да ја види ситуацијата во шеснаесетникот и моето однесување во близина на линијата. Му честитав, неговата периферна визија е очигледно апсолутно неверојатна. Тој трча 160 километри на час, со едното око го гледа шеснаесетникот, а со другото моето однесување на клупата. Затоа е еден од најдобрите судии во светот“, изјави Мурињо, пред да го анализира самиот натпревар.

„Ги познавам англиските медиуми, сега ќе напишете дека Јунајтед одигра лошо. Но, и ние игравме добро некое време. Не зедовме поен. Јунајтед го освои бодот. Игравме неверојатно. Им реков на играчите: да играме вака цело време во Турција, ќе уништиме се. Онана беше играч на натпреварот. Тој ги спаси! Мојот голман немаше одбрана, а Онана имаше две ненормални интервенции за 10 секунди“, додаде Португалецот.

Жозе саркастично ја заврши својата изјава.

„Веројатно би било најдобро за мене кога ќе заминам од Фенербахче, да заминам во клуб кој не игра натпреварувања на УЕФА. Значи: ако во следните две години на англиски клуб од дното на табелата му треба тренер – јас сум подготвен. Не сакам да кажам ништо повеќе за тоа“, заклучи легендарниот тренер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг