[ВИДЕО] Владета Јеротиќ открил што го учеле монасите додека бил на Света Гора: По овие зборови никогаш нема да ги задржувате солзите

Точка

11/06/2024

22:05

8.973

Големина на фонт

а а а

Професорот Владета Јеротиќ бил познат српски невропсихијатар, психотерапевт, филозоф, писател и академик на САНУ, а нам ни остави грст поучни мисли и упатства.

Неговите зборови и ден-денес се користат во многу области и навистина вредат злато.

На едно предавање, Владета Јеротиќ раскажал што мисли за плачењето, а таа лекција ја научил од монасите на Хиландар.


„Па, плачењето е Божји дар. Кога одев на Света Гора, бев повеќепати, па некои од монасите ми се пожалија: ’Не плачам веќе две години‘, ми велат. Па?“ ги запрашав јас, бев млад. „Што значи сега тоа?.“ „Ме напушти Бог“, рече тој и направи пауза.

„Физиолозите се на пат да ги откријат токсините во солзите“, се насмеал потоа д-р Јеротиќ и додал: „Според тоа, плачете! Не вештачки, немојте да ставате рен под носот или не знам што … Плачете секогаш кога ќе ви се плаче.“


Инаку, Света Гора е еден од најважните центри на православието во светот. Се наоѓа на северот на Грција, на еден од трите полуострови на Халкидики, Атос. На островот има 20 манастири, каде живеат повеќе од 2.000 монаси.


Владета Јеротиќ почина на 94-годишна возраст на 4 септември 2018 година во Белград. По сопствена желба е погребан во семејната гробница на Ново гробље.




Спонзорирани линкови

Маркетинг