Банка по грешка прогласила баба за мртва, 10 дена не можела да ја земе пензијата: Ја вратиле од шалтер, а проблемот се решавал за 3 минути

Точка

25/06/2024

15:16

5.199

Големина на фонт

а а а

Баба десет дена не можела да ги добие парите за пензија затоа што банката по грешка ја прогласила за мртва!

Белгијката Вероника (68) неодамна влезе во проблем, но не по нејзина вина. Се започнало на крајот на април, кога се обидувала да излезе од паркинг на клиника, но не можела да плати со банкарска картичка. Истиот ден отишла во нејзината вообичаена филијала, "ING de Stockel", за да ги расчисти работите.

На шалтер го објаснила проблемот, а банкарот во системот открил дека е почината веќе десет дена!

„Малку се изненадив, но на почетокот ми падна смешно. Им реков: „Пред вас имате жив мртовец“, се присетила пензионерката.

Сепак, случајот не беше брзо и лесно решен. Иако оваа баба имала документи со себе, тоа не било доволен доказ дека е жива.


Следниот ден се вратила во банката со документ од општината кој потврдува дека е жива. Сепак, нејзината сметка останала блокирана. Несреќната баба цела недела одела секој ден на шалтер, но не можела да го реши проблемот.

Достигале разни сметки, требало да се купи храна, а таа не можела да дојде до своите пари. За среќа, дома имала пари во готовина, а имала и друга сметка од која можела без проблем да вади пари.

Нејзиниот профил бил одблокиран дури по десет дена, а целиот процес траел три минути.

Банката признала дека ваков случај е исклучително редок. Како што наведуваат, известувањата за смрт се добиваат од надлежните фондови, нотари, деца, партнери, други членови на семејството или познаници на починатиот.


„Низа мерки овозможуваат да се избегне човечка грешка (двојна проверка, компјутерска проверка и сл.) но постои можност да дојде до грешка, дури и да е минимална“, наведуваат од банката.

Откако веста за смртта на корисникот ќе стигне до банката, сметките на тоа лице веднаш се блокиранаат.

Иако бабата поминала низ искушенија за да ги добие парите, портпаролката на Фебелфин, белгиската федерација на финансискиот сектор, вели дека овие мерки се „разумни“.

„Оваа мерка има за цел да ги заштити наследниците, да спречи да се испразни сметката пред да се подмири оставината, да се спречи едно лице да подигне пари без согласност на наследникот“, рекла портпаролката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг