[ФОТО/ВИДЕО] 41 година јадел стаорци и мајмуни во џунглата: Сиот живот гледал само една личност и не знаел дека постојат жени, а неговиот крај е трагичен

Точка

20/06/2024

17:44

7.967

Големина на фонт

а а а

Хо Ван Ланг живеел среќен живот 41 година далеку од цивилизацијата во виетнамската џунгла, а потоа бил пронајден од спасувачките мисии. Иако на многумина им изгледа како добро сценарио за филм, Хо Ван зад себе има неверојатна приказна.

Спасен е пред 11 години од џунглата, каде што немал никаков контакт со други луѓе, а камоли со модерната цивилизација.

Како се нашол во џунглата?



Неговиот татко, воениот ветеран Хо Ван Тан, долетал таму во 1972 година кога американските трупи го бомбардирале неговото село и му го убиле целото семејство.

Со оглед на тоа дека бил изолиран од реалниот свет, сето време верувал дека војната сè уште трае и се обидувал да истрае во намерата да го заштити своето семејство.

Како што околното село се развивало, а луѓето сè повеќе ја посетувале џунглата, семејството на Хо Ва Тан се повлекувало сè повеќе, трагајќи за храна, ловејќи и живеејќи во импровизирани куќи на дрвја.

Далеку од цивилизацијата или не?


Сепак, нивното присуство не останало незабележано, а легендите за нивниот начин на живот станале само погласни. Живееле далеку од светот, Ланг дури не ни знаел дека постојат жени, бидејќи татко му не му го објаснил тоа.

Пред дваесетина години, Хо Ван Три, еден од другите синови на Тан, кој сепак ги преживеал американските бомби се заинтересирал за нив двајца – иако Тан и ден-денес не верува во тоа.

Кога конечно ги пронашол татка си и брат си, почнал редовно да ги посетува, да им носи зачини и да ги убедува дека треба да се вратат назад во селото, а кога здравствената состојба на Тан се влошила, го организирал нивното „спасување“.

„Делуваше воодушевено што се враќа. Без двоумење, тој се согласи да оди со мене, неговиот брат и преведувачот во срцето на џунглата. Имав сосема поинакви очекувања од разговорот со него, па не ни сфатив дека всушност запознав една од најдрагите личности кои некогаш сум ги сретнал“ изјавил за новинарите Алваро Серезо, директор на извесна туристичка агенција.

Како изгледал нивниот живот?


Тој се согласил да го живее тој живот 5 дена, за да се запознае повеќе со животот во џунглата.

Според него, Ланг е како дете: за него не постои друг временски концепт освен ден и ноќ; не знае за ниту еден извор на енергија освен сонцето и огнот, а за надворешниот свет знае само за работите за кои му раскажувал татко му, како што се авионите.

Тан намерно ги ограничил информациите кои ги пренесувал на својот син: верувајќи дека војната сè уште беснее надвор, тој сакал неговиот син да се плаши од луѓето, за да биде што е можно повнимателен. Кога Алваро прашал колку луѓе видел во животот, Ланг одговарал „пет“, како и дека секогаш бегал од нив, „бидејќи ќе го повредат“.

По враќањето во цивилизацијата, на Ланг најсилен впечаток оставило возењето со автомобил.


На патот кон болницата, каде што му бил извршен преглед, се возел со автомобил, кој за него бил апсолутна сензација.

Тој, исто така бил воодушевен од пријателскиот однос на домашните животни, со оглед на тоа што во џунглата секогаш бегале од него.

Животот во цивилизацијата

Единствениот здравствен проблем кој некогаш го имале таткото и синот бил оној кој ги снашол по нивното враќање кај луѓето. Во контакт со бактерии и вируси, на кои нивниот имунолошки систем не бил навикнат, веднаш се разболеле.

Ланг, кој со својот татко живеел на овошје, зеленчук, мед, месо од мајмуни, жаби, лилјаци, птици и риби, морале да се адаптираат на новиот начин на живот.

Сепак, тие немале проблем да покажат на екипата како се лови и подготвува стаорец. За такви потфати, таткото и синот користеле стапици направени од алуминиум од хеликоптерот кој се урнал во џунглата за време на војната.

Цивилизацијата го чинела животот


За жал, во ноември 2021 година, ’Тарзан‘ починал од рак на црниот дроб на само 52-годишна возраст, откако се соочил со „фаталните последици“ на современиот живот, откако почнал да јаде преработена храна, а понекогаш да пие и алкохол.

Неговиот пријател Алваро, кој снимил и документарец за Ланг, раскажал:

„Тој беше најфасцинантната личност која некогаш сум ја запознал. Сакав да научам нешто ново за преживувањето во џунглата, па Ланг ме одведе во колибата во која живееше 40 години. Додека преживувавме во џунглата, сè што јас правев со часови, тој можеше да го заврши за неколку секунди. Беше мало дете со вештини на суперчовек“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг