Украл два луксузни автомобили, а не се ни поместил од фотелјата

Точка

25/06/2024

16:01

2.723

Големина на фонт

а а а

Покрај тоа што кражбата ја извршил без да го напушти својот дом, подеднакво успешно ги прикривал и трагите.

Обично, кражба на автомобил бара физичко влегување во автомобилот или провалување во салон. Меѓутоа, никогаш не се случува возилото кое планирате да го украдете да дојде на саканата адреса. Освен ако не сте способен хакер со развиена креативност, па дури и одредена количина на храброст, пишува „Index“.

Имено, еден хакер го искористил тоа што салоните често користат екстерни услуги на достава за трансфер на возила. Тој едноставно влегол во системот и внел нова адреса на Флорида за испорака на „Mercedes-Maybach GLS600“ од 200.000 долари, пишува „Road & Truck“.


„Злосторникот всушност го хакна порталот на возачот задолжен за транспорт на автомобилите и дознал кои возила се пренесуваат и останати детали. Крадецот на возачот му се претставил како тој да е примателот и му ги дал сите правилни информации, му кажал каде автомобилот треба да се однесе“, рекол за „WSVN“ вработен во компанијата за достава, Стивен Јарив.

Неименуваниот хакер тука не застанал. По првата кражба избрал двојно поскап „Rolls-Royce Cullinan“. Во овој случај, на доставувачот му пратил порака за промена на адресата за испорака.

Возачот ги потврдил адресата и времето, се појавил со „Cullinan“ и му го испорачал на хакерот.


Хакерот е и доволно сигурен во својата супериорност што повремено им се јавува и ги исмејува своите жртви.

„Ти благодарам за бесплатниот „Maybach“ пријателе“, напишал тој, пред да му прати фотографија од отстранет „GPS“ трагач од автомобилот со зборовите: „Брате, автомобилот е веќе во Дубаи или во Европа“.

Полицијата интензивно трага по хакерот, но траги нема. Распишана е награда од 20.000 долари за враќање на секое од двете луксузни возила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг