[ФОТО] Ова се најубавите близначки на светот, а нивниот татко е вистински фраер за кого жените полудуваат

Точка

19/06/2024

17:30

9.459

Големина на фонт

а а а

Сестрите Ава Мари и Леа Роуз станаа славни уште во раното детство, а во 2010 година беа прогласени за „најубавите близначки на светот“.

Сестрите Ава Мари и Леа Роуз станаа славни уште во раното детство, а во 2010 година беа прогласени за „најубавите близначки на светот“. Речиси деценија и пол подоцна, интересот за нивниот живот, раст, развој и убавина не стивнува. Нивната кариера од самиот почеток ја води нивната мајка Џеки Клементс, но сега нивниот татко се најде во центарот на вниманието на јавноста и на сите им стана јасно од кого Ава и Леа ја наследиле убавината.

Иако досега повеќе се зборуваше за мама Џеки, која главно беше обвинувана дека ги искористува малолетните близначки и заработува од нивната убавина, а беше споредувана со Крис Џенер, мајката и менаџер на женската страна од семејството Кардашијан-Џенер, таткото Кевин Клементс остана во сенка иако е поранешен американски пливач и сопственик на сребрен медал на Светското првенство во 2003 година, како и учесник на Олимписките игри во Атина следната година.

Сепак, по речиси 13 години, изгледот на Кевин се најде на прв план за физичките атрибути на семејството Клементс, па неговите фотографии станаа вирални на социјалните мрежи, а жените коментираа дека им е сосема јасно од кого девојките ја наследиле совршената физиономија на која сите се восхитуваат.

4 години борба со леукемија

Во октомври 2019 година, на Кевин (34) му беше дијагностициран Т-клеточен акутен лимфобластичен лимфом и леукемија, ретка и агресивна форма на рак.

Ден откако дознал, Кевин започнал интензивен режим на хемотерапија, а четири години подоцна, во август оваа година, поранешниот спортист ја известил јавноста дека успешно ја победил подмолната болест, по трансплантацијата на коскена срцевина, која ја добил од неговиот брат, неколку месеци порано.

Денеска на Инстаграм го следат речиси четврт милион луѓе, а не се откажал од пливањето и работи како тренер за женски тим во католичко училиште во Калифорнија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг