Фројд: „Секој човек има една магична моќ - Може да ве доведе до најголемата среќа или огромна беда – вие одлучувате!

Точка

25/06/2024

22:00

7.135

Големина на фонт

а а а

Мислите се она што го создава нашиот живот , реалност, размислување и постапки. Постои верување дека почнуваме да живееме целосно дури кога ќе престанеме да живееме во нашите мисли. Зборовите се раѓаат од мислите, тие можат да бидат спас на раната или најсмртоносното оружје.

Познатиот психијатар Сигмунд Фројд велел дека секој од нас има една моќ, а тоа може да ни донесе среќа или тага, но зависи од нас самите.

Нашите мисли се тие кои го креираат нашиот живот, реалност, расположение и постапки. Од нашите мисли се раѓаат нашите зборови, а потоа и нашите постапки.


Кога живееме во согласност со своите уверувања, нашите мисли се јасни и точно знаеме што правиме. Не мислиме за последиците. Но, кога сме во конфликт со себе или пак се чувствуваме немоќно, често кажуваме работи кои не ги мислиме, а потоа се прашуваме зошто сме го направиле тоа.

Кога живееме според срцето, многу мисли се превртуваат преку нашите усни без да размислуваме за последиците. Ако сме во конфликт или се чувствуваме немоќни, можеме да кажеме зборови што не ги мислиме, како еден вид илузорен штит, а потоа да се запрашаме – „зошто го кажав тоа…“ Но зборовите можат да содржат и одлични идеи , ја имаат суштината на љубовта во нив, кројот и удобноста, издигнуваат до височини…

Според Фројд, зборовите имаат магична моќ:


„Тие можат да донесат или најголема среќа или најдлабока тага. Можат да пренесат огромно знаење од наставникот на ученикот, можат да го натераат говорникот да ја поколеба својата публика, можат некого да натераат да го смени мислењето. Зборовите имаат моќ да предизвикаат најголеми емоции.“

Затоа, Фројд вели, важно е во себе да го активираме т.н. филтер за избирање на нашите зборови. Да се трудиме убаво и позитивно да размислуваме, а со тоа и убаво да зборуваме кон другите луѓе. Зборовите се поврзани со нашите мисли и чувства, па така можеме и да работиме на нив. Но, тие секогаш треба да се искрени, полни со љубов, поука, учење и тн.

Вистината може да биде дел од сечиј живот – ние избираме како ќе ја искористиме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг