Скромниот англиски селанец кој живеел 152 години: Тајната на неговата долговечност е секојдневното консумирање на течноста која денес ја фрламе!

Точка

30/05/2024

18:04

21.432

Големина на фонт

а а а

Скромниот англиски фармер Томас Пар го држи рекордот за најстара личност на светот. Тој живеел, како што велат, дури 152 години благодарение на еден напиток кој секојдневно го консумирал, а тоа е сурутката.

Сурутката е течност која содржи еден отсто албумин и 93 отсто вода. Таа е богата со калиум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, кобалт, манган, витамини, важни ензими и аминокиселини. А најдобрата работа кај ваквиот напиток е нискиот процент на калории – 100 грама содржат само две калории.


Таа е моќно средство за чистење на црниот дроб – сурутката содржи бета-лактоглобулин кој го храни вашиот организам со аминокиселини (BCAA) кои пак помагаат во борбата против болестите на овој орган. Експертите тврдат дека аминокиселините го подобруваат квалитетот на животот кај луѓето со цироза.

Најздрав пијалак за болниот црн дроб

Чист црн дроб е клуч за добро здравје, а сурутката е моќен чистач на црниот дроб. Ако боледувате од било каква болест на црниот дроб, редовно пијте сурутка. Таа содржи бета-лактоглобулин кој го снабдува организмот со аминокиселини наречени BCAA, кои значајно помагаат кај напредуваните болести.

Заболените од цироза суплементирањето со BCAA им помага да живеат подолго и поквалитетно, тврдат експерти.


Алфа-лакталбумин кој содржи сурутка, обилува со есенцијална аминокиселина триптофан познат по регулирањето на сонот и подобрување на расположението. Тој е богат имуноглобулин и лизосом кој го зајакнува имунитетот, што е многу корисно кај хроничниот хепатитис. Воедно содржи и противвоспалителен лактоферин, состојка од непроценлива важност која го штити телото од воспаленија и токсини. Нивото на цистеин е многу ниско кај заболени од хепатитис Ц, што го влошува оштетувањето на црниот дроб.

Имено, глутатионот е моќен антиоксиданс кој помага кај проблеми со штитната жлезда, хронични воспаленија, рак, склероза и Паркинсова болест.

За издржливост и слабеење

Ако интензивно се занимавате со спорт, се обидувате да ослабнете, под стрес сте или боледувате од тешка болест, сурутката би требало да биде дел од вашето секојдневно мени. Сурутката обилува со електролити, одлично го хидрира телото, му дава повеќе енергија па е многу покорисно од штетни енергетски пијалаци.

Сурутката е главна сировина за произведување на протеини кои се, како што е познато, неизбежен дел од исхраната на секој спортист и консумирањето на сурутката овозможува побрзо оправување и раст на мускулите после вежбање, го намалува апетитот и го поттикнува слабеењето.


Воедно придонесува и за нервното здравје бидејќи ја намалува гликозата во крвта и крвниот притисок, покажуваат истражувањата. Склоноста кон модерен живот како дебелина, висок притисок, замор и стрес можете да ја ублажите со редовно консумирање на сурутка.

Народен лек за варење

Млечната киселина која ја поседува сурутката го намалува прекумерниот број на габични и бактерии во цревата, а нејзината ниска pH ја поттикнува нивната работа.

Се препорачува редовно консумирање кај затворена столица, надуеност, грчеви, дивертикулитис и хронични воспаленија на цревата.


Овој стар народен лек може значајно да помогне кај: хроничен замор стрес од дебелина прејадување висок притисок намален имунитет, непријатност во стомакот црн дроб, кандида, чистење на телото од токсини.

Подготовка и примена на сурутката

Најдобро нешто кај сурутката е што може сами да ја направите од сирово домашно млеко или да ја купите на пазарите или во продавниците за здрава храна или пак да ја набавите од локален производител. Козјата сурутка е најдобра, но добра е и кравјата. Најважно е да се работи за животни кои не се хранети со хормони. Од 10 литра во млеко во просек се добива еден килограм сирење и девет литра сурутка.

Со оглед на фактот дека има диуретички својства, сурутката на почетокот се препорачува да се консумира во умерено количество, но може да ја пиете и три пати дневно по 150 мл, а постепено оваа доза може да ја зголемувате и до литар ипол дневно.


Ако имате проблеми со варењето, само промешајте лажица сурутка во чаша вода и испијте го ова пред секој оброк. Сурутката освен за лекување, може да ја користите и за надворешна нега на кожата и косата.