Колку менструалниот циклус (не) влијае на однесувањето и размислувањето на жените?

Точка

25/03/2025

17:19

3.730

Големина на фонт

а а а

Областа на истражување за влијанието на менструалниот циклус врз „состојбата и работата на мозокот“ кај жените долго време беше ограничена од мали примероци, недоволни анализи и, секако, фактот дека женското тело често било запоставено во истражувањата за менструалниот циклус, објави „Саенс алерт“.

Сепак, поновите студии тврдат дека идејата дека менструалниот циклус значително влијае на когнитивните функции е повеќе субјективно мислење отколку научен факт.

Бихевиористот Даисунг Јанг од Универзитетот во Мелбурн спроведе мета-анализа на 102 рецензирани студии кои ги испитуваа когнитивните способности на жените во различни фази од менструалниот циклус.


Резултатите од истражувањето

Анализата вклучи податоци од речиси 4.000 жени со редовен менструален циклус, тестирајќи ги нивните когнитивни способности во однос на:

• Внимание;

• Креативност;

• извршни функции;

• интелигенција;

• меморија;

• моторни функции;

• просторна ориентација;

• вербални способности.

Студијата ги исклучи случаите кои можеа да влијаат на резултатите, како бременост, инфекции, одредени здравствени нарушувања и рак.

Иако е познато дека хормоните како естроген, прогестерон и лутеин значително се менуваат за време на циклусот, истражувачите утврдиле дека разликите во когнитивните перформанси на жените се минимални и безначајни.

Менструацијата и митот за нејзиното влијание врз мозокот

Оваа студија ги доведува во прашање традиционалните претпоставки дека менструалниот циклус може значително да го наруши размислувањето и однесувањето на жените. Иако некои жени чувствуваат физички непријатности, нема научни докази дека тоа доведува до значителни промени во когнитивните способности.

Сепак, истражувачите напоменуваат дека индивидуалното искуство со менструацијата може да варира, а начинот на кој секоја жена реагира на хормонските промени сè уште не е целосно разбран.


„Нашето истражување може да помогне во расчистување на митови и дискриминаторски практики, бидејќи не пронајдовме научна основа дека когнитивните способности на жените се подложни на промени и потенцијално загрозени за време на менструалниот циклус“, пишуваат истражувачите.