Мелатонин или магнезиум? Кој додаток е подобар за добар сон?

Точка

26/03/2025

15:05

5.071

Големина на фонт

а а а

Мелатонин и магнезиум се популарни додатоци за спиење, но тие делуваат на различни начини.

Мелатонин го регулира циклусот на спиење, додека магнезиумот помага да се релаксираат мускулите и да се намали стресот. Иако и двата додатока го подобруваат спиењето, тие се користат за различни проблеми, па затоа е важно да се разбере како функционираат и да се избере вистинскиот.

Мелатонин и магнезиум се најчесто користени природни помагала за спиење, но нивните механизми на дејство и придобивки значително се разликуваат, што ги прави погодни за различни потреби и ситуации.

Мелатонин

Овој хормон природно се произведува во телото и игра клучна улога во регулирањето на деноноќниот ритам - внатрешниот биолошки часовник кој одредува кога спиеме и се будиме. Мелатонин е особено корисен за луѓето кои имаат проблеми со нарушувања на ритамот на спиењето.


Дополнувањето на мелатонин може да ви помогне да заспиете побрзо, но понекогаш може да предизвика дневна поспаност или вртоглавица. Идеален е за краткорочни решенија за проблемите со спиењето.

Магнезиум

Овој минерал е клучен за многу телесни функции, вклучувајќи релаксација на мускулите, функцијата на нервниот систем и одржување на рамнотежата на електролити. Магнезиумот е особено корисен за луѓето кои се справуваат со несоница предизвикана од стрес или напнатост.

Магнезиумот помага во намалување на стресот и анксиозноста, го подобрува квалитетот на сонот и го намалува раното будење. Несаканите ефекти се ретки, но може да се појават дигестивни нарушувања при високи дози.

Што ќе се случи ако ги комбинираме магнезиумот и мелатонинот?

Земањето на двата додатоци заедно, со додавање на витамин Б, може да има синергетски ефект (појава кога комбинацијата на две или повеќе супстанции, фактори или терапии дава поголем и посилен резултат од секој од нив поединечно), подобрувајќи го квалитетот на сонот и релаксацијата. Комбинацијата на овие два додатоци може да биде особено корисна за луѓето со хронични проблеми со спиењето, бидејќи тие работат заедно за да го регулираат ритамот на спиење и да го намалат стресот, што овозможува подобар сон и подобрување на целокупната благосостојба.


Како функционираат тие?

Мелатонин му сигнализира на телото дека е време за спиење преку рецепторите во мозокот, предизвикувајќи физиолошки промени кои овозможуваат полесен сон. Овој процес помага да се усогласи спиењето со природниот ритам на телото.

Магнезиумот игра клучна улога во релаксацијата на мускулите и нервниот систем со блокирање на калциумовите канали, а со тоа ја намалува преголемата стимулација. Исто така, ја подобрува сигнализацијата на GABA (најважниот инхибиторен невротрансмитер во човечкиот мозок, што значи дека игра улога во намалувањето на активноста на нервните клетки), што има смирувачки ефект врз мозокот, помагајќи да се намали стресот и да се релаксира.


Мелатонин е особено ефикасен за луѓе со нарушувања на деноноќниот ритам, како што се оние кои страдаат од несоница поврзана со начинот на живот. Исто така, постарите лица може да имаат корист од дополнувањето на мелатонин, бидејќи нивото на овој хормон се намалува со возраста.

Магнезиумот е корисен за луѓето кои имаат несоница предизвикана од стрес, напнатост или проблеми со мускулите. Покрај тоа, помага да се намали анксиозноста и поддржува релаксација.

Несакани ефекти

Мелатонин може да предизвика главоболки, вртоглавица и дневна поспаност. Иако овие ефекти обично се благи, тие можат да бидат непријатни за некои корисници.

Магнезиумот обично е безбеден, но прекумерното внесување може да предизвика дијареа, гадење или низок крвен притисок. Луѓето со одредени здравствени состојби, како што се бубрежни заболувања, треба да бидат претпазливи кога користат магнезиум.