Познат доктор при гостување во емисија, на хрватска водителка ѝ дијагностицирал рак! Воочил симптоми за кои таа не била свесна: Ѝ закажал итен преглед и операција

Точка

26/03/2025

14:08

18.186

Големина на фонт

а а а

Познатата новинарка и водителка од Хрватска, Сања Миклеушевиќ Павиќ пред 10 години дознала дека има рак на тироидната жлезда – и тоа среде емисијата која ја водела. Во текот на кариерата се здобила со репутација на искусна уредничка и водителка со долгогодишно искуство во ХРТ, но балканската јавност најдобро ја запозна преку нејзината предизвикувачка битка со ракот.

Сања Миклеушевиќ Павиќ пред неколку години јавно говорела за борбата со ракот на тироидната жлезда, кој ѝ бил дијагностициран во емисија на националната телевизија. Додека го водела Дневникот, гостин ѝ бил академикот Звонко Кусиќ, водечки експерт за болести на тироидната жлезда. По емисијата Кусиќ ја повикал на преглед, како нешто да почувствувал или забележал симптоми за кои таа не била свесна.


По пункција на јазол, ѝ бил дијагностициран сомнителен папиларен карцином на тироидната жлезда. Таа првично одбила операција и третман со радиоактивен јод и се одлучила за алтернативни методи, како што се хербални мешавини и чаеви. Меѓутоа, по три години, во текот на летото 2018 година, таа одлучила да оди на операција.


„Се доживував како силна и здрава жена“

„Мислам дека работата е во тоа што одбивав да ја прифатам дијагнозата. Можеби затоа што се гледав себеси како силна и здрава жена, никогаш не бев сериозно болна, никогаш во болница или на боледување. Од друга страна, ме охрабри фактот што сите релевантни статистики и истражувања велат дека ако некогаш мора да заболиш од рак, најдобро е да го имаш на тироидната жлезда“, рекла своевремено таа.


Овој тип на рак често има добра прогноза, особено ако се открие во рана фаза, а папиларните и фоликуларните форми често се излечиви.