[ВИДЕО] Дубаи чоколадото „заминува“ во историјата – Ова е новиот тренд

Точка

25/03/2025

23:00

3.737

Големина на фонт

а а а

По глобалниот успех на Дубаи чоколадо, се појави уште еден вирален слаткарски хит. Имено неодамна на социјалните мрежи се појавиле неколку видеа на кои луѓето отвораат и кршат чоколадо, од кое излегува „нешто“ што наликува на розови прамени коса.

И навистина, кога ќе го прочитате описот – можете да забележите дека чоколадото се нарекува „Angel Hair Chocolate“.


За какво чоколадо се работи?

„Angel Hair Chocolate“ е рачно изработено бело чоколадо од белгискиот производител „Tucho“. Она што го прави посебно е неговиот фил – „pişmaniye“, традиционално турско слатко познато како шеќерна волна, во комбинација со крем од ф’стаци и ноти од ванила, калинка и малина. „Pişmaniye“ е слична по текстура на шеќерна волна, но со побогат вкус.

Watch on TikTok


„Angel Hair Chocolate“ дели одредени сличности со претходниот хит – Дубаи чоколадо – барем во однос на формата на полнењето на чоколадото. Додека Дубаи чоколадо е познато по својата комбинација на чоколадо, кадаиф и крем од ф’стаци, „Angel Hair Chocolate“ користи pişmaniye и крем од ф’стаци како свој заштитен знак.

И ова чоколадно стана познато благодарение на ТикТок

Исто како и Дубаи чоколадото и „Angel Hair Chocolate“ стана вирално благодарение на платформите како ТикТок, каде што корисниците ги споделуваат своите искуства и критики.

Watch on TikTok


Чоколадото „Angel Hair“ го пронајдовме онлајн на веб-страницата на производителот, а цената за 185 грама е 21 евро – приближно исто како и за класичното, оригинално Дубаи чоколадо.