Черчил луѓето ги споредувал со ова животно и човештвото ја загубило битката: Стресот си го зема данокот, борбата сè уште трае

Точка

23/05/2024

17:32

4.027

Големина на фонт

а а а

„Ако можете да го започнете денот без кофеин, ако можете секогаш да бидете весели и да ја игнорирате болката, доколку можете да се воздржите од приговори и не досадувате на луѓето со вашите проблеми, доколку можете да јадете иста храна секој ден и да бидете благодарни за тоа, доколку можеш да ја разбереш саканата личност кога нема доволно време за тебе...

... Доколку можеш да ги игнорираш обвинувања на вашата сакана личност, кога работите тргнуваат наопаку без ваша вина, доколку можете мирно да ја прифатите критиката, доколку можете да се однесувате кон својот сиромашен пријател исто како и кон богатиот, доколку можете да живеете без лаги и измами, доколку можете да се носите со стресот без дрога, доколку можете да се опуштите без да пиете, доколку можете да спиете без апчиња, доколку искрено можете да кажете дека немате предрасуди за бојата на кожата, верските убедувања сексуалната ориентација или политичката припадност – значи дека сте го достигнале нивото на умот на вашето куче …“


Човечкиот род успешно го следел патот на технолошкиот развој, целосно запоставувајќи го духовното. Сите имаме паметни телефони со моментален пристап до било која информација, но не знаеме како да се избориме со стресот, ниту да се ослободиме од комплексите, ниту да се прифатиме себе онакви какви што сме. И тоа нè води во уште поголем стрес и комплекси.

Стресот најчесто се дефинира како физиолошка и психолошка реакција на личност од стимули од околината, при што суштинска важност за таа реакција е личното искуство на стресот, пред сè емоциите кои стресот ги предизвикува кај поединецот, бидејќи секоја личност е „приказна за себе“. Тоа како ќе реагираме на стресот зависи од нашето искуство, лични капацитети, моментално расположение и од многу други карактеристики на нашата личност.

На физички план, стресот претставува физиолошки процес преку кој нашето тело одговара на закана или опасност.


Кога нашиот мозок оценува некои околности како заканувачки во било која смисла, физичка или психолошка), тој ги подига сите свои капацитети до максимум со зголемување на будноста и вниманието.

Стресот може да има и добри страни. Придобивките од борбата против стресот се рефлектираат во фактот што тој нè зајакнува и поттикнува зголемување на отпорноста на нашата личност на некои непријатни или опасни идни настани. Тоа е слично како борбата на организмот против вирусот – кога еднаш ќе го совлада, организмот станува имун на тој вирус. Истото е и со повеќето секојдневни стресови. Кога човекот ќе научи и усвои начини за успешно справување со одреден вид стрес, тој ќе ги користи тие начини во идни слични стресни ситуации. На овој начин, конструктивно се рехабилитираат или ублажуваат последиците од доживувањето на стресот. На пример, кога сте во сообраќај или на работа, мала доза стрес е корисна бидејќи придонесува за добра концентрација.

Сепак, постои граница кога стресот повеќе не придонесува за ефикасно функционирање, туку постепено почнува да ја нарушува психофизичката рамнотежа на личноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг