Зад најпознатите медитерански разгледници во боите на грчкото знаме се кријат практични причини за заштита од жешкото, колерата и историјата.
Иако фотографиите од оваа архитектура во боја на грчкото знаме веднаш е желба за уживање во прекрасните плажи и медитеранската кујна, малкумина знаат што симболизира оваа препознатлива боја на ведро небо и море.
Бојата на грчките островски куќички настанала од практични причини.
Каменот достапен на местата како Миконос, Парос, Санторини и Наксос имал само една маана – потемна, земјена боја која го привлекувала сонцето и го правела животот во куќичките неподнослив поради високите температури. За да се разладат, Грците каменот го фарбале во бела боја, а потоа таквиот метод се покажал како успешен и со текот на времето станал традиција.
Кон средината на 20 век, болестите се вплеткале во архитектурата. За да се спречи ширење на колера грчките власти побарале да се фарбаат куќите со вар којшто служи како дезинфекциско средство.
Баш како и белата боја и сината има свои причини. Грчките рибари и морнари ги фарбале вратите и прозорците во бела боја која останала од фарбањето бродови. Сината боја била најдостапна поради составот и било лесно да се направи дома.
Прекрасните бои на домовите на грчките острови престанале да бидат само практични и посакувани, тие станале обврска во текот на 60-тите години на минатиот век.
Тогашниот режим верувал дека препознатливите бои ќе го поттикнат патриотизмот и национализмот, па набрзо потоа бил донесен и закон со којшто се наредувало куќите на грчките острови да бидат обоени во сина и бела боја.
Иако денешните прописи се поопуштени, боите на грчките острови и натаму ги привлекуваат туристите, па традицијата од таа причина продолжува.