Познатата фонатана во Италија е вистински воден сеф: На ден се собираат до 3.000 евра, а еве каде завршуваат

Точка

27/07/2025

15:15

1.022

Големина на фонт

а а а

Фонтана ди Треви се смета за една од најубавите барокни фонтани во светот која ја смислил и започнал Никола Салви, а ја завршил Џузепе Панини во 1762 година.

Градењето на фонтаната чинело 17.647 скуди, тогашна валута на папската држава.

Првата голема обнова на фонтаната започнала во 2014 година и траела речиси една година и пол со финансиска помош од модната куќа „Фенди“, од речиси 2 милиони евра која сакала да им помогне на градските власти во зачувување на римската култура.


На нејзиното реновирање и реконструирање потрошени биле 327.000 евра.

Фонтана ди Треви дневно ја посетуваат илјадници туристи од целиот свет кои доаѓаат поради нејзината убавина, но и традицијата на фрлање паричка и верување дека тоа носи среќа и остварување на желбата.

Секој ден, по затворањето на местото за посетителите, фонтаната се празни, а парите кои се наоѓаат во неа се собираат и носат.

Се проценува дека туристите секојдневно оставаат над 3.000 евра монети, односно милион до милион и половина годишно. Од 2001 година сите парички кои ќе завршат во фонтаната одат во католичкиот хуманитарен фонд којшто парите ги користи за набавка на храна и различни хуманитарни програми ширум светот.

Традиција на фрлање парички

Легендата вели дека доколку со десната рака фрлите паричка над левото рамо, тоа ви носи среќа и остварување на желбата, но и враќање во Рим.


Оваа магична фонтана во Рим овековечена е и во неколку култни филмови од кои најпознати се „Три парички во фонтаната“ од 1954 година и „Кога си во Рим“ од 2010 година.