Балканец објаснува како речиси сите можеме да се збогатиме: Ова е најважниот совет!

Точка

27/07/2025

16:30

2.099

Големина на фонт

а а а

Многумина од нас барем еднаш посакале да го вратат времето и да се предупредат на финансиските грешки кои ги правеле.

Затоа една онлајн платформа иницирала интересна дискусија: „Кој финансиски совет би го дале на помладиот себе?“.

Темата предизвикала бројни реакции и оставила простор за искрени и корисни совети кои можат да бидат скапоцени на сите кои сакаат подобро да управуваат со парите.


Во коментари корисниците споделувале разни совети и препораки. Поголем дел од нив ја нагласиле важноста на раното вложување во недвижнини.

Еден корисник напишал: „Би купил стан колку што е можно порано дури и доколку тоа значи земање кредит“.

Друг додал дека најдобриот начин да се избегнат трошоци за кирија на подолг рок е купувањето недвижнини и дека кредитот за стан е најдобрата инвестиција која може да се направи.

Многумина се согласиле дека иако кредитот може да изгледа страшен, долгорочната сопственост на станот носи сигурност и стабилност.

Покрај тоа вообичаен совет бил да се почне со штедење што порано, дури и доколку износите се мали.

„Не чекајте совршен момент за штедење, почнете сега“, напишал еден корисник. Друг нагласил дека вложувањето во акции и фондови може да биде корисно, но дури откако ќе се едуцирате.

Некои работи се очигледни

Темата која се повторувала во коментарите била важноста на финансиската дисциплина. Еден корисник истакнал: „Имајте буџет и следете го, тоа е клучот за контролата на трошоци“.


Други препорачале избегнување непотребни задолжувања и трошење на работи кои брзо ја губат вредноста, додека трети советувале вложување во свои вештини и образување како најдобра можна инвестиција.

Покрај советите за недвижнини, штедење и инвестирање, корисниците исто така ја нагласиле важноста на трпението.

„Инвестирањето е маратон, а не спринт“, напишал некој корисник и многумина се согласиле со него.

Најважни совети: купување стан, рано штедење, вложување во знаење и финансиска дисциплина.