На социјалните мрежи е откриен уште еден необичен феномен, кој ги заинтригира корисниците, но и натера многумина да се замислат за пливањето во море, особено навечер.
Снимката објавена на „Reddit“ прикажува необична појава – совршен круг од меурчиња што се шири на површината на морето.
„Ловечка техника“
На прв поглед, изгледа како чудесна глетка, но она што следи сигурно би го натерало секој пливач веднаш да ја напушти водата.
Станува збор за специфична „ловечка техника“ што ја користат грбавите китови. Овие кругови не се случајни, туку трик за привлекување на пленот и присилување да се доближи до површината.
Потоа, користејќи прецизна координација и интелигенција, китовите го „заклучуваат“ рибниот плен во мал простор за да го проголтаат.
Китот држи отворена уста
Имено, китовите се спуштаат длабоко под јатото риби, создаваат кругови од меурчиња, а потоа пливаат спирално за да се доближат до пленот. Интересно е што тие ја држат устата отворена – не бирајќи храна, туку голтајќи сè што ќе им се најде на патот.
Оваа снимка шокираше многумина, а гледачите се прашуваа што би направиле ако ненадејно се најдат во круг од меурчиња. Некои изјавија дека би претпочитале да ги проголта кит отколку да ги изеде ајкула.
Иако идејата звучи застрашувачки, луѓето се надеваат дека китот би го исплукал човекот доколку случајно го проголта, пренесува „LadBible“.